X
 31.01.2020 Живот

Протест пред Собрание за стопирање на увозот на опасен отпад

Активисти и граѓани денеска ќе одржат протест пред Собранието во Скопје, во 15 часот, поради одложувањето на донесувањето на предлог-законот за изменување на Законот со управување со отпад, со чие усвојување треба да му се стави крај на увозот на отпад како енергент.

Протестот го најави движењето „Петоци за иднината Скопје“ на својот фејсбук-профил. Тие велат дека партиите во парламентот играат „дворски игри“ под превез на преговори за Законот за отпад и според нив, тоа е доказ дека за народните избраници чистиот воздух е небитен.
Измените во Законот ги предложи партијата ДОМ, но во изминативе две недели точката, иако ставена на дневен ред, не беше отворена на две собраниски седници.
Улицата пред Собранието ќе биде стопирана за сообраќај пред 15 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот