X
 31.03.2020 Образование

Како може корона-кризата да го смени образованието?

Од Втората светска војна наваму немало прекин на образованието како оној на кој сведочиме денес. Училиштата и факултетите низ целата планета се затвораат речиси истовремено од една причина. Не може да се предвиди исходот од ширењето на коронавирусот, но како оваа криза би можела да го смени образованието?

Експертите подолго зборувале дека треба да се смени начинот на кој гледаме на образованието. Ширењето на коронавирусот веројатно е настанот кој му е потребен на секторот за да направи драстични промени. Со оглед на тоа што поголемиот дел од учениците денес се помлади од 25 години, образованието во иднина ќе биде дефинирано од развојот на технологијата. Ова е генерација која ќе ја разбира моќта на заедничката работа за решавање на светските проблеми, како што се климатските промени и пандемијата на коронавирусот.


Фото: Pixabay

Според еден извештај на „Дел технолоџис“, 85% од работните места што ќе ги имаат денешните ученици и студенти во 2030 година сè уште не се измислени, односно не постојат во моментов. Ширењето на коронавирусот може да го смени светот, но и да нè научи како треба да го смениме образованието за младите лидери да бидат подготвени за иднината.

Едуцирање на граѓаните во свет кој е поврзан 

Коронавирусот покажува колку е светот поврзан и дека веќе не постојат изолирани проблеми и настани. Успешните луѓе во иднина ќе треба да го разбираат ова и да учат како да работат во ваков свет.

Нова дефиниција на улогата на едукаторите

 

Наставниците и професорите ќе имаат различни улоги во училниците и предавалните. Нивните задачи ќе се менуваат во помагање во развојот на учениците наместо предавање лекции.



Фото: Pixabay

Пренесување животни вештини потребни за иднината

Во оваа глобална околина која постојано се менува младите луѓе ќе мора да бидат способни за адаптација. Оваа вештина ќе биде основна во иднината. Работодавците ќе бараат од кандидатите креативност, комуникација и соработка, како и емпатија и емоционална интелигенција.

Користење технологија за пренесување знаење

Поради пандемијата, образовните институции низ светот беа принудени да почнат да користат технолошки алатки за да создаваат содржини кои ќе им ги понудат на учениците и студентите. Наставниците и професорите сега учат за новите можности што им ги нуди технологијата, а поради тоа, образованието никогаш нема да биде исто.

Автори: Пурнима Лутра и Сенди Мекинзи
Извор: weforum.org 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование