X
 31.03.2024 Економија

Кои се најголемите светски произведувачи на нафта за изминатата 2023 година

И покрај напорите за декарбонизација на глобалната економија, нафтата останува еден од најважните светски ресурси. Исто така, ја произведува прилично ограничена група на земји, што може да биде извор на економска и политичка сила.

Податоците за глобалното производство на сурова нафта во 2023 година, мерено во милиони барели дневно, се добиени од Управата за енергетски информации на САД.


Три земји сочинуваат 40 отсто од глобалното производство на нафта

Во 2023 година Соединетите Американски Држави, Русија и Саудиска Арабија заеднички придонеле со 32,8 милиони барели дневно во глобалното производство на нафта. Овие три нации постојано доминирале со производството на нафта од 1971 година. Водечката позиција, сепак, се менувала меѓу нив во последните пет децении.

Спротивно на тоа, комбинираното производство на следните три најголеми производители: Канада, Ирак и Кина - достигнало 13,1 милиони барели дневно во 2023 година, со надминување на производството само на Соединетите Држави.

Во блиска иднина, ниту една земја веројатно нема да го надмине рекордното производство постигнато од САД во 2023 година, бидејќи ниту еден друг производител досега не достигнал дневен капацитет од 13,0 милиони барели. Неодамна, „Сауди Арамко“, компанија во сопственост на државата Саудиска Арабија, ги откажала плановите за зголемување на производствениот капацитет на 13,0 милиони барели дневно до 2027 година.

Во 2024 година аналитичарите предвидуваат дека САД ќе ја задржат својата позиција како главен производител на нафта. Всушност, според „Мекуари груп“, производството на нафта во САД се очекува да постигне рекордно темпо од околу 14 милиони барели дневно,до крајот на годината. 

Визуализацијата за споменатите податоци може да ја погледнете преку апликацијата „Воронои“.

Извор: Visual Capitalist

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија