Според достапните податоци, населението со високо образование значително варира низ Европа.
Во просек, речиси една третина на возраст од 25 до 74 години во Европската Унија имаат завршено високо образование, вклучувајќи јавни и приватни универзитети, колеџи, институти за техничка обука и стручни училишта. Нивото на образование, исто така, варира во зависност од возраста и полот.
Кои земји имаат највисока стапка на високо образование во Европа? Како се разликуваат образовните нивоа низ Европа? Кои земји посветуваат поголемо внимание на стручното образование?
Како се дефинираат нивоата на образование?
Нивоата на образование се дефинирани како ниски (помалку од средно образование), средни (средно образование) и високи (универзитетски студии).
Класификацијата на Европската агенција за податоци „Евростат“ се заснова на Меѓународната стандардна класификација на образованието (ISCED) и се однесува на:
● Ниско: предосновно, основно и ниско средно образование (ISCED нивоа 0–2);
● Средно: високо средно и постсредно нетерцијарно образование (ISCED нивоа 3 и 4);
● Високо: високо образование (ISCED нивоа 5–8). Вклучува јавни и приватни универзитети, колеџи, институти за техничка обука и стручни училишта.
Во 2022 година, 31,8 отсто од луѓето на возраст од 25 до 74 години во ЕУ имале повисоко образовно достигнување, кое се движи од 17,4 отсто во Романија до 49,8 отсто во Ирска.
Нордиските и балтичките земји имаат повеќе дипломирани студенти од просекот на ЕУ
Уделите на дипломирани студенти со високо образование беа повисоки од просекот на ЕУ во нордиските и балтичките земји. Шведска и Норвешка се рангирани на 3. и 4. место со над 45 отсто.
Во Латвија, 44 отсто имале високо образование. Исто така, другите нордиски и балтички земји имале повисок удел од просекот на ЕУ меѓу дипломираните студенти.
Во Велика Британија 43,5 отсто од населението на возраст од 25 до 74 години имале високо образование.
Населението со пониско образование е над 40 отсто во четири земји на ЕУ
Уделот на населението со високо образование беше значително помал во земјите кандидати за ЕУ.
Турција имаше најголем удел во населението со ниско образование, каде што две третини (61,8 отсто) имаат помалку од високо средно образование.
Оваа бројка, исто така, беше под 40 отсто во четири земји на ЕУ: Португалија, Италија, Малта и Шпанија.
Во Македонија, 30,3 отсто од луѓето на возраст од 25 до 74 години имаат ниско образование, 47,6 средно и 22,1 отсто високо образование поради што се наоѓа на 34. место од вкупно 37. места.
Повеќе од две петтини од населението на ЕУ имаат високо образование
Во 2022 година 42 отсто од населението на ЕУ на возраст од 25 до 34 години имале високо образование. Тоа варира од 24,7 отсто во Романија до 62,3 отсто во Ирска.
Спротивно на населението на возраст од 25-до 74 години, нордиските земји Финска и Исланд имаа помал удел во високото образование од просекот на ЕУ.
Жените се пообразовани од мажите
Во 35 европски земји каде што се достапни податоци, жените на возраст од 25 до 34 години имале повисок процент на постигнување високо образование од мажите.
Во 2022 година, во просек, процентот на жени со високо образование бил 47,6 отсто, додека кај мажите бил 36,5 отсто.
Извор:
Еuronews.com
Фото: Freepik