X
 31.05.2017 Наука

Луѓето креирале заштитен меур околу Земјата без да знаат

Вселенските сонди на НАСА неочекувано пронашле џиновска бариера околу Земјата која влијае на времето во вселената дури подалеку и надвор од нашата планета. Она што е најинтересно е што бариерата е создадена од луѓето. Бариерата во форма на круг ја заштитува планетата од опасни вселенски настани, како соларни бури и слично.

Бариерата е ненамерна последица од користењето на технологијата. Резултат е на одредени радио комуникации, комбинирани со честички на радијација со висока енергија во вселената.

Радио сигналите со многу ниска фреквенција од 3 до 30 kHz се користат за комуницирање помеѓу подморници и подземни станици. Истите тие сигнали креираат круг (меур) околу планетата кој може да биде забележан и од вселенските летала околу орбитата.

Ова ги наведува научниците да сметаат дека ниско-фреквентните бранови ги оттргнуваат честичките на радијација. Овој процес изгледа дека не штити од радијацијата на штетни Сончеви празнења.
Она што е важно да се спомене дека не влијаеме само на нашите животи, туку и на вселенскиот простор.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука