X
 31.05.2018 Култура

Џо Демпси од „Игра на троновите“: „Финалето е прилично емоционално“

Иако фановите ќе мора да почекаат до 2019 година за осмата, и последна, сезона од „Игра на троновите“, серијата завршува со снимањето, а актерите полека привршуваат со нивните последни моменти на сетот.

Помеѓу оние што завршија со снимање на сцените е и Џо Демпси, кој го глуми Гендри.

gendri
Фото: НВО


- Завршив минатата недела. За мене беше прилично чудно чувство. Има актери што завршуваа периодично изминатиот месец. Дури и гледањето како тие завршуваат беше емоционално - вели тој.

- Пред да завршам со снимањето мислев дека ќе биде во ред и дека воопшто нема да бидам емотивен. Но истиот ден кога завршував со снимањето завршуваа уште неколку актери. Бев во ред, до моментот кога видов дека другите се обидуваат да не заплачат. Тогаш му се препуштив на моментот - вели тој.

За Демпси, снимањето на крајот на серијата беше слатко-горчливо бидејќи многу актери што претходно не можеа да работат заедно сега се собраа на едно место.

- Тоа нѐ натера да размислуваме за годините што изминаа. Оваа сезона беше многу забавна бидејќи сите се приближуваа кон Вестерос, па имавме можност сите актери да се дружиме во текот на изминатата година - вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура