X
 27.07.2024 Култура

Нова трилер-серија со Џејк Џиленхол ги воодушеви гледачите

На „Епл ТВ+“ пристигна нова серија со Џејк Џиленхол во главната улога. Станува збор за крими-трилерот „Претпоставено невин“ создаден од Дејвид Е. Кели, базиран на истоимениот роман од Скот Тјуроу од 1987 година. Серијата е нова телевизиска адаптација на книгата, по филмската адаптација од 1990 година со Харисон Форд и Брајан Денехи во главните улоги.

Заплетот на серијата е по ужасното убиство што ја разбранува канцеларијата на главниот обвинител на Чикаго, со оглед на тоа што заменик-главниот обвинител Расти Сабич (Џејк Џиленхол) е осомничен за убиството. Серијата ги истражува опсесијата, сексот, политиката и моќта и границите на љубовта, додека обвинетиот Расти се обидува да го исчисти своето име, да го задржи семејството и да го спаси својот брак.

Премиерата на серијата беше на 12 јуни и оттогаш секоја недела се прикажува по една епизода, од вкупно осум.

Гледачите се воодушевени, а критичарите пишуваат дека ова е еден од најдобрите правни трилери што се појавиле на телевизија во последните неколку години.

Од цела актерска екипа, Џиленхол доби најмногу пофалби од публиката.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура