X
 22.06.2020 Култура

Карлос Руиз Зафон: „Тишината прави глупавите да изгледаат мудро, макар и на минута“

Карлос Руиз Зафон, шпански автор на меѓународно најпродавани романи, меѓу кои е и „Сенка на ветрот“, почина во јуни 2020 година на 55-годишна возраст. Тој често беше опишуван како најчитаниот шпански автор по Сервантес.

Ова се некои од неговите цитати и извадоци од книгите.

- Будалите зборуваат, страшливците молчат, мудрите слушаат.

- Луѓето имаат тенденција да ги комплицираат своите животи, како живеењето да не е веќе доволно комплицирано.

- Книгите се огледала: во нив го гледате само она што веќе го имате во вас.

- Секоја книга, секој волумен што го гледате тука, има душа. Душата на личноста што ја напишала и оние што ја прочитале и живееле и сонувале со неа. Секојпат кога книгата се наоѓа во други раце, секојпат кога некој поминува со своите очи низ нејзините страници, нејзиниот дух расте и се засилува.

zafon
Фото: Screenshot/YouTube

- Моментот кога застануваш и размислуваш дали сакаш некого, веќе си престанал засекогаш да ја сакаш таа личност.

- Спомените се полоши од куршумите.

- Не плаши се да бидеш исплашен. Да бидеш исплашен е знак на здравиот разум. Само идиотите не се плашат од ништо.

- Влегов во книжарницата и го вдишав мирисот на хартија и магија што, не знам како, сè уште никој не се сетил да го спакува во шишенце.

- Тишината прави глупавите да изгледаат мудро, макар и на минута.

- Човек е спремен да верува во сè, само не во вистината.

- Постојат неколку причини за кажување на вистината, но за лажење бројката е бесконечна.

- Во продавниците ги купуваме и продаваме, но во реалноста книгите немаат сопственик. Секоја книга што ја гледаме веќе била нечиј најверен пријател.

- Пораснав меѓу книги, создавајќи невидливи пријатели во страниците со прашина чиј мирис го носам на рацете до ден-денес.

Извор: Good reads
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура