X
 31.05.2018 Култура

Ендру Линкон ќе ја напушти серијата „Живи мртовци“ во 9. сезона - но како?

Ендру Линколн ќе се појави само накратко во 9-тата сезона, пред целосно да замине од „Живи мртовци“.

Како што и самите обожаватели знаат, серијата во последно време се соочува со криза. Ѝ паѓа рејтингот, а Лорен Кохан, која во 8-та сезона беше претставена како најверојатен наследник на Рик Гримс, веројатно ќе се појавува помалку во серијата со оглед на тоа што работи на нејзината нова серија. Потоа дојде веста за Ендру Линколн, кој го глуми Рик Гримс осум сезони - во 9-тата сезона ќе ја напушти серијата, а Дарил Диксон ќе го преземе местото на Рик и ќе биде центарот на серијата. Но со оглед на либералната позиција на Дарил во текот на изминатите неколку години, оваа одлука може да донесе проблеми.

walking dead
Фото: АМС


Линколн ќе се појави во само неколку епизоди наредната сезона. Сепак, нејасно е дали била идеја на Линколн да ја напушти серијата или тоа било идеја на продукцијата.

Отстранувањето на Рик од серијата би претставувало голем чекор во вистинската насока. Рик одамна стана лош лидер, особено откако Неган ја разниша менталната цврстина на Рик. Во текот на осумте сезони Рик некако стана помалку комплексен како лик, додека другите околу него ги откриле нивните скриени множества. Сега, кога Карл е мртов, позицијата на Рик во приказната изгледа посомнително од кога било.

Главното прашање е дали фановите ќе се збогуваат од Рик со слатко-горчлива разделба или ужасна смрт, и дали Дарил е следниот логичен избор што треба да го замени. Неговиот развој на ликот прекина пред неколку години, по смртта на Бет Грин. Да, беше киднапиран и потоа избега и се обвинуваше себеси за смртта на Глен. Но поголемиот дел од времето тој се изгуби во хаосот на војната на Рик, дури и во моменти кога требаше да се издвои.

Всушност, женските ликови во серијата, особено Михон и Меги, се чини дека се најдобро поставени за да ја преземат улогата на Рик како протагонисти. Сепак, со премиерата на наредната сезона, Дерил ќе треба да докаже дека има и може многу повеќе. Тоа е почеток, но ќе му треба повеќе за да ги врати фановите што го избришаа во последниве години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура