Поминаа 33 години откако украинскиот град Припјат стана „град на духови“, а тој и ден-денес привлекува огромно внимание, можеби и поради серијата „Чернобил“, која станува сè попопуларна.
Неодамна на „Јутјуб“ се појави снимка од напуштениот град направена со дрон, а автор на видеото е Ворен Урбексинг. Тој со помош на својот дрон снимил морничави снимки од празни згради, болници, училишта, уништени и одамна заборавени забавни паркови.
Низа експлозии во нуклеарната електрана „Чернобил“ се случија на 26 април пред 33 години. Оваа катастрофа се смета за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата.
Евакуацијата на населението не почнала веднаш, туку по два дена од експлозиите. Повеќе од 100.000 жители биле евакуирани од Припјат, а последиците од зрачењето ги почувствувале милион луѓе.
Досега умреле најмалку 500.000 од вкупно 2 милиона луѓе. Во првите неколку години починале околу 35.000 луѓе што учествувале во чистењето на електраните. Сите починале од рак, а стапката на заболувања била и до трипати поголема отколку кај останатото население.
Во пораст била и смртноста на новороденчињата, и тоа за 20 до 30 отсто.
Фото: ЕРА
Не е безбедно ни по три децении подоцна
Во Украина, Русија и во Белорусија околу 5 милиони луѓе биле изложени на висок степен на радијација, а радиоактивниот облак дошол и до Европа. Радијацијата се почувствувала и во растителниот и животинскиот свет, а властите во Чешка 30 години подоцна предупредувале дека дивите свињи од југозападот на оваа земја во себе имаат толку голема доза на радијација што и по три децении се сметаат за опасни за јадење според здравствените прописи.
Катастрофата била предизвикана од грешка во дизајнот и долгогодишното неодговорно управување со нуклеарната електрана, а владата ги обвини и работниците. Сите од контролните соби што ја преживеале несреќата завршиле во логор.
Денес секој може да го посети градот така што ќе се пријави за еднодневна или дводневна туристичка тура. Наводно туристите посетуваат само „препорачани“ зони, кои се безбедни и нема висок степен на радијација.
Сè што се случило во овој град можете видите во популарната серија „
Чернобил“.
Ејч-би-о својата серија ја пушти веднаш откако завршило емитувањето на „Игра на троновите“, а според многумина, тоа е одличен потег, за гледачите да го заборават разочарувањето што го доживеале гледајќи ја последната епизода од „Игра на троновите“.