X
 31.05.2020 Економија

Дубаи гради „град“ за онлајн-шопинг

Онлајн-шопингот е иднината на пазарењето. Оние кои не веруваа во ова, веројатно сега се уверуваат во неговата вистина поради пандемијата. Повеќето од луѓето деновиве пазарат од дома за да го одбегнат непотребното излегување од дома. Нова

иницијатива на Дубаи е поврзана со развојот на онлајн-пазарењето.

Властите во Дубаи планираат да отворат нова слободна економска зона само за онлајн-пазарење кој ќе се наоѓа веднаш до меѓународниот аеродром во Дубаи. Проектот наречен „Дубаи комерсити“ чини 3,2 милиони долари, а ќе вклучува и бизнис центар и логистички центар.



Бизнис центарот ќе се состои од 12 згради во кои ќе бидат сместени компаниите. Според веб-страницата

на проектот, станува збор за првата слободна економска зона која е посветена на развивање на пазарот за онлајн-пазарење во Средниот Исток и Северна Африка. Со проектот ќе им се помага на глобалните и регионалните брендови да започнат и да менаџираат бизнис за онлајн-шопинг во регионот.



Како и другите слободни економски зони кои може да се најдат во Емиратите, центарот ќе нуди поволности, односно нема да се наплатуваат даноците и нема да има ограничувања поврзани со валутите. Клиентите ќе имаат и пристап до магацини кои ќе функционираат со помош на вештачка интелигенција, како и центар во кој ќе има ресторани и кафулиња.

Според планот, првите згради во рамки на центарот треба да се отворат во ноември а остатокот од центарот ќе функционира пред крајот на 2020.

Автор: Кирон Монкс
Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија