X
 03.03.2024 Живот

Првата трка со млазни костими во стилот на Ајронмен се одржа во Дубаи

Силните звуци на млазните мотори не се новина во Дубаи, градот кој е домаќин на еден од најфреквентните аеродроми во светот. Но, овој пат млазните мотори не беа на масивните авиони, туку на човечки пилоти кои функционираа како тркачко возило.


Дубаи веќе станува авантуристичка дестинација со „зип-лајн“ објекти инсталирани на знаменитости како што се „Дубаи Марија“ и „Бурџ Халифа“, највисоката зграда во светот. Градот, исто така, веќе некое време си поигрува со идејата за воведување летечки такси-возила, но, во меѓувреме, постигна уште една активност, прва трка во светот „Дубаи џет сут рејс“.

Ајронмен во реалниот свет


Настанот бил возможен поради генијалноста на „Гравити индустрис“. Оваа компанија со седиште во Велика Британија е пионер во однос на иновациите во човечките летови. Во 2017 година компанијата го претстави својот прв костим за летање. Ја демонстрираше својата технологија на повеќе од 260 настани во живо во 45 земји, во текот на годините.


Опремени со 1.500 коњски сили, овие костими имаат поголема моќност од спортски автомобил од висока класа и користат авионско гориво, слично како обичните авиони.

Иако концептот на летечки костими стана популарен од ликовите од стриповите, неодамнешните филмови во кои се вклучени во голема мера се потпираат на графички дизајн за да изгледаат реално. Од друга страна, компанијата нуди искуство кое е најблиско нешто до тоа да се биде Ајронмен во реалниот свет.


Прва ваква трка досега


Трката со ваквите костими се одржала во „Дубаи Марина“ за да се совпадне со тековниот саем на бродови во Дубаи и да се земе предвид безбедноста на пилотите. Со костимите луѓето можат да летаат со 80 милји (128 километри) на час. Иако трката веројатно не ја тестирала оваа граница, таа ги тестирала костимите и пилотите во предизвикувачки средини.

Летајќи неколку метри над водата, пилотите ја следеле трасата користејќи џиновски пловни маркери додека се труделе да не се судрат еден со друг.

Иса Калфон, спортист, гимнастичар, рапер и пилот од Велика Британија победил на инаугуративната трка. Но, настанот најверојатно ќе се повтори на друго место, а тркачките патеки се местата каде што ќе може да се видат овие костими во акција - и тоа редовно во наредните неколку години.

Извор: Interesting engineering

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот