Само еден човек во светот успеал да освои златен медал на Олимписките игри, но и „Оскар“ за учество во филм, а тоа е Коби Брајант, познатиот кошаркар на „Лејкерс“.
Во последните години сѐ повеќе внимание се посветува на луѓето што успеале да освојат неколку значајни награди во различни области на уметноста. Овде првенствено се мисли на акронимот „ЕГОТ“ што се користи за оние што ќе успеат да освојат награди Еми, Греми, Оскари и Тони. Во тоа, на пример, успеале Одри Хепберн, Вупи Голдберг и Џон Леџенд.
Од друга страна, нема кратенка за освојувањето „Оскар“ и златен медал на Олимписките игри, можеби затоа што е тешко да се биде врвен уметник и врвен спортист во исто време, а можеби и затоа што листата со оние што имаат успеано во тоа не е многу долга. Имено, само една личност на светот успеала да го направи тоа.
Американскиот кошаркар Коби Брајант го освои својот прв олимписки златен медал во 2008 година, триумфирајќи со тимот на САД на Летните олимписки игри во Пекинг, четири години пред да го повтори подвигот во 2012 година на Олимписките игри во Лондон. Во 2012 година тој го освои златото заедно со легендарниот тим во кој беа Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Кармело Ентони, Крис Пол, Дерон Вилијамс и Тејшаун Принс.
Дека успехот на Брајант во кошарката не бил доволен, говори и податокот дека на 90. доделување на „Оскарите“ овој врвен спортист го однесе дома „Оскарот“ за краткиот анимиран филм што го напиша и во кој беше наратор. Врз основа на истоимената песна што ја напишал во 2015 година, „Драга кошарко“, тоа беше израз за емотивната почит за неговото време поминато во спортот, што на крајот резултира и како трогателна почит кон животот и наследството на ѕвездата, која трагично го загуби животот во 2020 година.
Тој го сподели „Оскарот“ со режисерот Глен Кин, кој е најпознат по неговата работа на неколку анимирани филмови на „Дизни“.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik