Коби Брајант ќе го паметиме по магијата што ја внесе во кошарката, но тој беше и човек кој сакаше предизвици и често зборуваше како најдобро може да се надминат. Прочитајте ги овие мисли на Коби за надминување на предизвиците.
- Сѐ негативно - притисок, предизвици - сѐ е можност за мое издигнување.
- Најважно е да се обидеш да ги инспирираш луѓето за да бидат одлични во она што сакаат да го прават.
- Сфатив дека заплашувањето не постои ако си во вистинската умствена рамка.
- Моите родители се мојата потпора. Сѐ уште. Тие се единствената група што ќе ве поддржи ако постигнете 0 или ако постигнете 40 поени.
- Убавината во тоа да си благословен со талент е издигнувањето над скептиците за да создадеш убав момент.
- Моментот кога ќе се откажете е моментот кога му дозволувате на некој друг да
победи.
- Немам разбирање за мрзливите луѓе. Не зборуваме ист јазик. Не ве разбирам. Не сакам да ве разберам.
- Ако се плашиш дека нема да успееш, тогаш веројатно нема да успееш.
- Болката не ти кажува кога треба да запреш. Болката е малиот глас во твојата глава што се обидува да те задржи затоа што знае дека ако продолжиш, ќе се промениш.
- Сите имаме сомнежи во себеси. Не треба да ги негираш, но не треба и да се предаваш пред нив. Треба да ги прифатиш.
- Мојот мозок не може да процесира неуспех. Нема да процесира неуспех. Зашто ако седам таму и морам да се соочам со себе и да си кажам: „Ти си неуспех“... мислам дека тоа е речиси полошо од смрт.
- Најважно е што мораш сите да ги предупредиш дека си тука и дека си реален.
- Секогаш можеме да бидеме просечни и да правиме нешто што е нормално. Јас не сум во ова за да правам нешто што е нормално.
- Хејтерите се добар проблем. Никој не ги мрази добрите. Тие ги мразат големите.
- Поразлично е кога имате 21 година, мислите дека постојат бесконечно можности. Со 33 крајот е многу, многу поблиску.
- Ова е моментот во кој признавам дека најпредизвикувачките времиња секогаш ќе бидат зад мене и пред мене.