„Гугл“ почна светска кампања со која сака да поттикне развивање на вештачка интелигенција што ќе реши некои од светските проблеми.
„AI Impact Challenge“ е натпревар на кој можат да се пријават сите што имаат идеја како со помош на вештачката интелигенција ќе се решат проблемите во природната средина, здравството или зачувувањето на природата. Најдобрите проекти, кои ќе бидат избрани од експерти, „Гугл“ ќе ги финансира со вкупно 25 милиони евра.
Како пример за тоа како веќе се користи вештачката интелигенција за решавање проблеми од „Гугл“ ја наведуваат анализата на фотографиите на шумите и идентификацијата на делови од шумата за кои е најголема веројатноста да доживеат пожар.
Фото: Printscreen
Желбата на „Гугл“ е да се создаде вештачка интелигенција која нема да биде пристрасна и нема да има предрасуди кон одредени категории луѓе.
Поттикнувањето на оваа иницијатива и предизвиците на глобално ниво се причината за „Гугл“ да се дистанцира од користењето на вештачката интелигенција за производство на оружје.
За потсетување, на почетокот на јуни од „Гугл“ објавија дека компанијата се повлекува од соработка со американската војска, а за понатамошен развој на вештачката интелигенција ќе ги користи своите етички принципи. Тие вклучуваат одбивање работа за развој на вештачката интелигенција која намерно ги крши прифатените норми на приватност во проектите за надзор, како и оние проекти што ги кршат меѓународните закони и човековите права.
- Ќе се фокусираме на развивање на вештачката интелигенција во проекти што ќе му донесат корист на човештвото - велат од „Гугл“.
Повеќе информации за „AI Impact Challenge“, кој може да се пријави и до кога, можете да пронајдете
ТУКА.