Студенти од Техничкиот факултет на Универзитетот „Билент Ецевит“ во Турција составиле џебен сателит. Малиот сателит со димензии 5х5х5 сантиметри бил испратен во вселената во јануари, а во првите два месеца примил 5.500 податоци испратени од Земјата.
Сателитот наречен „Гризу-236А“ бил лансиран во вселената со ракета „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс-екс“ од базата во Флорида. Тој бил поставен во орбитата околу еден час по лансирањето и со тоа станал првиот сателит во својата класа што примил податоци.
Сателитот може да врши основни функции со телекоманди за да се тестира двонасочната комуникација помеѓу станица на Земјата и сателитот. Меѓу другото, може да се испраќаат податоци од Земјата до сателитот.
Се планира сателитот да остане во орбитата 4 години и осум месеци. Тој се наоѓа на височина од околу 525 километри.
Извор:
Balkan News
Насловна фотографија: Twitter