Висока медицинска школа-Битола

 логоОбразовната концепција се темели на европските и американските стандарди во системот на оценување, организацијата на студиите, дидактичките методи и наставните планови и програми. Праксата на Високата медицинска школа се изведува врз основа на најдобрите искуства и традиции на школата,практичните наставни бази како и примената на сите реформистички принципи иницирани со Болоњскиот процес на реформирање на европското високо образование.

        На Високата медицинска школа се изучуваат исклучиво едносеместрални предмети. На студентите им е овозможена иницијатива на самостоен избор на изборните предмети (кои ги има во 25% во сооднос со 75% задолжителни предмети кои го обликуваат профилот) со што студентот го персонализира своето студирање во рамките на избраната студиска програма.    
      
       Високата мотивација на студентите и високата проодност на студиите се постигнува со реализација на наставните програми низ теоретската и практичната настава, со употреба и помош на учебници форматирани према болоњската матрица на студирање, интерактивната работа во предавални со мали групи на студенти, кабинетски вежби како и практични вежби во здравствените организации со организирање на семинари, клиничка пракса, симпозиуми, конгреси.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Прв циклус: со успешно завршено 13 години претходно образование - 9 години основно образование и 4 години средно образование (стручно образование или гимназија со успешно положена државна матура), завршена Виша медицинска школа, Висока медицинска школа. Студентите се рангираат според просечниот успех од средното училиште и просечниот успех од стручните предмети.

Втор циклус: може да се запишат лица со завршени додипломски стручни студии на Високите медицински школи по соодветни студиски програми, лица кои имаат завршено прв циклус на студии на студиски програми кои се еквивалентни на студиските програми на Високите медицински школи и ги исполнуваат конкурсните услови како и лица кои дипломирале на други високообразовни институции во земјата и странство на еквивалентни студиски програми и ги исполнуваат конкурсните услови.

ДИЗАЈН НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Сите студиски програми од прв циклус се со времетраење од 3 години, односно 6 семестри и студентите остваруваат 180 ЕКТС кредити.
     Студиите завршуваат со полагање на сите испити и со изработка и јавна одбрана на дипломска  работа.


ДИЗАЈН НА ВТОР ЦИКЛУС СТРУЧНИ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ  СТУДИИ

По завршувањето на првиот циклус стручни студии, студентите можат да го продолжат образованието на втор циклус специјалистички стручни студии во траење од една година, односно 2 семестри и остваруваат 60 ЕКТС кредити. и добиваат диплома специјалист за одредена област.    
      Специјалистичките стручни студии завршуваат со полагање на сите испити и со изработка и јавна одбрана на специјалистички труд.

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ  ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ( РЕДОВНИ И ВОНРЕДНИ)

1)    студиска програма за медицински сестри
2)       студиска програма за акушерки
3)       студиска програма за физиотерапевти
4)       студиска програма за радиолошки технолози и
5)       студиска програма за медицинско-лабораториски аналитичари

НАЗИВ НА ДИПЛОМА ОД ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Студирањето на прв циклус трае 3 години  (6 семестри) – 180 ЕКТС
1)    Дипломирана медицинска сестра – 180 ЕКТС
2)     Дипломирана aкушерка - 180 ЕКТС
3)    Дипломиран физиотерапевт – 180 ЕКТС
4)    Дипломиран радиолошки технолог – 180 ЕКТС
5)    Дипломиран медицинско- лабораториски аналитичар – 180 ЕКТС

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ

1.    Медицинска сестра         
►    Специјализација за интензивна нега
(специјалист за интензивна нега)
►    Специјализација за геронтологија со палијативна терапија
(специјалист за геронтологија со палијативна терапија)
►    Специјализација за ментално здравје
(специјалист за ментално здравје)
►    Специјализација за семејна и патронажна грижа
(специјалист за семејна и патронажна грижа)
►    Специјализација за интрументарка
(специјалист инструментарка)

2.    Физиотерапевти
►    специјализација за рехабилитација во неврологија
(специјалист за рехабилитација во неврологија)
►    специјализација за рехабилитација во психијатрија
(специјалист за рехабилитација во психијатрија)
►    специјализација за рехабилитација во детска возраст
(специјалист за рехабилитација во детска возраст)
►    специјализација за рехабилитација во домашни услови
(специјалист за рехабилитација во домашни услови)
►    специјализација за рехабилитација во хирургија, травматологија и ортопедија
(специјалист за рехабилитација во хирургија, травматологија и ортопедија)

3.    Медицинско–лабораториски аналитичар
►    специјализација за биохемиски анализи
(специјалист за биохемиски анализи)
►    специјализација за микробиолошки анализи
(специјалист за микробиолошки анализи)
►    специјализација за санитарна екологија
(специјалист за санитарна екологија)

4.    Акушерка
►    специјализација за перинатална грижа
(специјалист за перинатална грижа)
►    специјализација за примарна здравствена заштита
(специјалист за примарна здравствена заштита)