Општа медицинска сестра

Студиската програма од прв циклус е со времетраење од 3 години, односно 6 семестри. програма е од прв циклус стручни студии според моделот 3+1.

За успешно завршување на првиот циклус студии студентите треба да стекнат 180 ЕКТС кредити.

По завршувањето на првиот циклус стручни студии, студентот може да го продолжи образованието на втор циклус специјалистички стручни студии во траење од една година.


Целта на едукацијата на сестрата е задоволување на здравствените потреби на поединецот, групата и целокупната општествена заедница и тоа:

•    проучувањето на влијанието на ризичните фактори од средината;
•    обезбедување здравствена заштита на одделни групи од населението (доенчиња, мали и предучилишни деца, училишни деца и младинци, жени, работници, спортисти, лица попречени во психофизичкиот развој и други);
•    превенција, лекување и рехабилитација на заболените од хроничните незаразни болести;
•    рано откривање, спречување и сузбивање на заразните болести;
•    контролни прегледи, со цел рано откривање на заболувањата и превенирање на повредите кај спортистите;
•    спроведување на итна медицинска помош и домашно лекување;
•    поливалентна патронажна дејност и др.

•     Го анализира процесот на работа, поставува сестринска дијагноза, определува примена на општа и специјална нега, определува методи на работа во процесот на здравствената нега, ги следи и евалуира резултатите на спроведените планови и мерки за реализација на активностите, ја аплицира терапијата препорачана од лекар.
•    Воочува, формулира и решава основни и специфични здравствени проблеми во областа на сестринството, го следи процесот на болеста и спроведува интервенција во оддлени фази на болеста по пат на примарна, секундарна и терциерна превенција, го следи болниот сé до крајниот исход на болеста.
•     Го припрема болниот за дијагностика икористи соодветна опрема (учествува во соодветни дијагностички процедури) со дозвола на лекар (ЕКГ снимање, спирометрија, аудиометрија, ЦТГ, и др.), соработува со семејството на болниот, ја води медицинската документација и евиденција, учествува во изработка на планови и анализи за здравствената состојба на населението, применува здравствено воспитни активности и постапки.
•     Медицинската сестра се поставува во функција на водечка улога во организацијата при одделни форми на работа (координирање на работата и активностите на средно-медицинскиот, високостручниот медицински кадар и немедицинскиот кадар), работа во областа на превенцијата, лекувањето, негата, рехабилитацијата и решавањето на проблемите надвор од здравствената организација (за време на транспорт, во домашни услови).
•     Подготвеност за пазарот на трудот и меѓуинституционалната подвижност во рамките на земјата и пошироко.