Физиотерапија

Студиската програма од прв циклус е со времетраење од 3 години, односно 6 семестри. Програмата е од прв циклус стручни студии според моделот 3+1.

За успешно завршување на првиот циклус студии студентите треба да стекнат 180 ЕКТС кредити.

По завршувањето на првиот циклус стручни студии, студентот може да го продолжи образованието на втор циклус специјалистички стручни студии во траење од една година.

Целта на едукацијата на физиотерапевтот е задоволување на здравствените потреби на поединецот, групата и целокупната општествена заедница и тоа;
•    чување и унапредување на здравјето на луѓето, децата, изнемоштените, онеспособените и инвалидизираните лица;
•    превенирање на многу заболувања со физичка активност и здрав начин на живот;
•    современо лекување без инванзивни методи со апликација на физиотерапевтски процедури со терапевтски ефект;
•    здравствено- воспитна активност;
•    работа во здравствениот тим во завод за рехабилитација и одделенија за физикална терапија и рехабилитација;
•    развој на физиотерапевтската пракса низ методите на истражување.


•    Работи самостојно и како член на тимот во областа на рехабилитацијата;
•    Според начелото Кинезитерапија за сите ја спроведува кинезитерапијата во социјалните и просветните установи, специјални заводи и училишта како и во домашни услови со цел за психоцијално прилагодување на условите во кои пациентот или лицето со смалена работна способност и способност за самозгрижување го продолжи својот живот што посамостојно;
•    Ја користи физикалната терапија како метода на лекување и ја проценува техниката и методите на апликации;
•    Самостојно применува кинезитерапија и проценува дозирање, траење и оптеретување со цел за оспособување на функционалната активност во секојдневниот живот и работа на лицата со онеспособување;
•    Самостојно врши подготовка на планот и програмата за оспособување;
•    Ја проценува функционалната активност на лицата со онеспособување при што користи објективни методи на проценка;
•    Врши избор на најповолни методи на физикална терапија и кинезитерапија;
•    Ги следи резултатите на функционалните активности;
•    Воспоставува и одржува такви односи со пациентот кои ќе одржуваат неопходен степен на мотивација за активна соработка во текот на терапијата и рехабилитацијата;
•    Превенира развој на пречки во однесувањето кои се последица на физичкиот хендикеп на пациентот;
•    Се грижи за едукација на околината во која пациентот или инвалидното лице се наоѓа со примена на основните превентивни постапки во однос на интензитет на помошта и самопомошта на пациентот;
•    Се оспособува за моторичка примена на сите концепции на кинезитерапијата кои се применуваат денес и на сите физикални помагала и помагала во кинезитерапијата;