Медицинско-лабораториски аналитичар

Студиската програма од прв циклус е со времетраење од 3 години, односно 6 семестри. Програмата е од прв циклус стручни студии според моделот 3+1.

За успешно завршување на првиот циклус студии студентите треба да стекнат 180 ЕКТС кредити.

По завршувањето на првиот циклус стручни студии, студентот може да го продолжи образованието на втор циклус специјалистички стручни студии во траење од една година.

       Едукацијата на високо едуциран кадар од профилот медицинско-лабораториски аналитичар се наметнува како императив со цел вклучување на овој профил во процесот на:

- Спроведување на пропишаните процедури од медицинско-лабораториската практика.
- Земање и припрема на потребниот материјал за медицинско-лабораториско иследување (крв, урина, ликвор и друг биолошки материјал).
- Спроведување на аналитичките процедури и регистрирање на добиените резултати.
- Припрема и исправно чување на потребните реагенси и хемикалии.
- Познавање и грижа за расположивата апаратура и регистрирање на нејзината исправност.
- Спроведување на сите постапки за сочувување на хигиената на апаратите и останатите лабораториски помагала.
-  Организирање и координација на работата на средниот и помошниот медицински персонал.
-  Nавремено припремање на земениот материјал за анализа и отпочнување со работа
- Oрганизирање на работата во отсекот за прием на материјалот, контрола на работата и издавањето на резултатите
- Nабавка на потребниот материјал и евиденција за роковите на неговата употребливост.
- Учество во изработката на планови и извештаи за работата
- Известување на раководителот за дефектите на апаратурата инсталациите и другиот лабораториски инвентар и спроведување на мерки за нивно отстранување.


- Работи самостојно и како член на тимот во областа на лабораториската дијагнистика и аналитика.
- Гo анализира процесот на лабораториската работа, поставува соосдветни методи,ги следи и евалуира резултатите на спроведените анализи, планови и мерки за реализација на активностите.
- Поставување на медицинскo-лабораторискиот аналитичар во функција на водечки фактор во извршувањето на лабораториските анализи и постапки како и незамнлив фактор во поставувањето на точен лабораториски наод.
- Улога во организацијата на одделни форми на работа (координирање на работата и активностите на средно-медицинскиот, високостручниот медицински кадар како и немедицинскиот кадар).
- Подготвеност за пазарот на трудот и меѓуинституционалната подвижност во рамките на земјата и пошироко.