Студиската програма е од прв циклус стручни студии според моделот 3+1.
За успешно завршување на првиот циклус студии студентите треба да стекнат 180 ЕКТС кредити.
По завршувањето на првиот циклус стручни студии, студентот може да го продолжи образованието на втор циклус специјалистички стручни студии во траење од една година.
Акушерката како главен носител на активностите за здравствена нега во акушерството и гинекологијата, после современа едукација, ги разбира и следи современите трендови, за да може да одговори на барањата на поединецот, групата и општествената средина, а со цел да ги задоволи нивните потреби.
- чување и унапредување на здравјето на жената, бремената жена, леунката, мајката и новороденото;
- превенирање на гинеколошките заболувања кај жената;
- современо породување на жената со стручна помош во болница и во домашни услови;
- здравствено-воспитна активност;
- работа во здравствениот тим во гинеколошки ординации, поливалентна патронажна дејност и гинеколошко акушерски одделенија;
- развој на акушерската пракса низ методите на истражување.
- анализа на процесот на работа, поставување на дијагноза во подрачјето каде таа декјствува, определува примена на општа и специјална нега и методи на работа во процесот на здравствената нега, ги следи и евалуира резултатите.
- Воочува, формулира, следи, решава основни и специфични акушерски проблеми, особено процесот на раѓање и спроведува интервенции во оддлени фази, сé до крајниот исход на породувањето.