Факултет за безбедносно инженерство


Факултет за безбедносно инженерство е еден од помладите факултети на МСУ и нуди две насоки на додипломските и последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

•    Додипломски студии (180 ЕКТС)
•    Безбедност при работа (3+2)
•    Безбедност од пожар (3+2)
•    Последипломски студии

•    Специјалистички (четврта година – 240 ЕКТС кредити)
•    Безбедност при работа (3+1+1)
•    Безбедност од пожар (3+1+1)
•    Магистерски (петта година – 300 ЕКТС кредити)
•    Безбедност при работа (3+1+1)
•    Безбедност од пожар (3+1+1)

Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија овозможува едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа како и безбедност од пожари, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.



Што е безбедност при работа?

Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.
Безбедноста од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.

Шанса да го промените светот

Во свет кој со секој поминат ден станува се покомплициран и поранлив, луѓето сакаат да се чувствуваат безбедно насекаде, па ниту работното место не е исклучок.
Како дел од студиите, нашите студенти ќе научат како да собираат информации за можните ризици кои произлегуваат од неправилно користење на апаратите и алатите за работа, да ги анализираат и да спречуваат истите да се случат.
Опремени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа.



Стручни лица се нашата цел

Основна цел на програмите е оспособување на студентите за примена на научни и стручни достигнувања во областа на инженерството и менаџментот во управување со безбедност при работа и пожари во организациите.
Академска титула на додипломските студии е Дипломиран инженер за безбедност при работа, како и дипломиран инженер за безбедност од пожари, додека академска титула на последипломските студии е Магистер за безбедност при работа, како и магистер за безбедност од пожари.

Современи програми за квалитетни инженери

Факултетот за безбедносно инженерство има акредитација согласно Законот за високо образование. Наставниот процес на Факултетот за безбедносно инженерство е усогласен со Болоњската декларација и на истиот е воведен Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС).



Овде вашата кариера е безбедна

Должност на работодавачите е да го имплементираат Законот за безбедност и здравје при работа, па така тие се должни да вработат инженери за безбедност при работа и безбедност од пожари.
Се повеќе работодавачи од домашни и странски претпријатија бараат дипломирани инженери од нашиот факултет, кој е единствен од овој тип во Македонија. Тоа ни дава за право да констатираме дека овој факултет ќе биде факултет на иднината, за што зборува и се поголемиот интерес на студентите за него.

Што по дипломирањето?

Дипломата од Факултетот за безбедносно инженерство овозможува широка можност за вработување во: мали, средни и големи претпријатија (индустрија, градежништво, сообраќај, шумарство, земјоделство, трговија, угостителство, водостопанство и др.) министерства, образовни организации, научно-истражувачки организации, инспекциски органи итн.

Додипломски студии


Факултет за безбедносно инженерство е еден од помладите факултети на МСУ и нуди две насоки на додипломските студии. Студиите се тригодишни и по завршувањето студентот се стекнува со 180 ЕКТС кредити.

•    Додипломски студии (180 ЕКТС кредити)
•    Безбедност при работа (3+2)
•    Безбедност од пожар (3+2)

Насока Безбедност при работа (3+2)

Брошура

Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.



На оваа насока студентите прво се запознаваат со правните основи на безбедноста при работа кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на заштита при работа и управување со заштитата при работа. Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за порба против невното стетно дејство.

Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.
Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС. Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по безбедност при работа.

Насока Безбедност од пожар (3+2)

Брошура

Безбедноста од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.
Основната цел на програмата за Безбедност од пожар е подготовка на студентите за применување на научни достигнувања во решавање на проблемите поврзани со заштитата од пожар.



Студентите се запознаваат со процесите на производство загрозени од пожар, потенцијалните ризици кои можат да доведат до пожар во процесите на производство и соодветните мерки кои се превземаат со цел за безбедно управување со ризик од појава на пожар во индустријата.
Исто така, се обучуваат за инженерски пресметки на процесот на согорување кои се однесуваат на стехиометриски и термодинамички проблеми, формирање на фронтот на пламенот, неговата брзина и изворите на палење. Предвидени се и предмети кои се однесуваат на пожарите и експлозиите, условите за нивно настанување, класификација, параметри…
Во текот на наставата се изучува како да се развиваат и применуваат инструментите и апаратите за безбедно гаснење, се анализираат ризиците од пожар и експлозии, се посветува внимание на управувањето со системите за заштита од пожари, сè со цел студентот да се стекне со потребните знаења за самостојно вршење на проценки и надзор од областа на безбедноста од пожар.
Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС. Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по безбедност од пожар.


Услови за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Последипломски студии

Факултетот за безбедносно инженерство е еден од помладите факултети на МСУ и нуди две насоки на последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

•    Последипломски студии
•    Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
•    Безбедност при работа (3+1+1)
•    Безбедност од пожар (3+1+1)
•    Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)
•    Безбедност при работа (3+1+1)
•    Безбедност од пожар (3+1+1)

Насока Безбедност при работа (3+2)

Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.



Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по безбедност при работа.

Насока Безбедност од пожар (3+2)

Безбедноста од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.
Основната цел на програмата за Безбедност од пожар е подготовка на студентите за применување на научни достигнувања во решавање на проблемите поврзани со заштитата од пожар.



Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по безбедност од пожар.

Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и дипломирани студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1730 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.