Факултет за психологија


Факултет со долгогодишно искуство

Факултетот за психологија е основан една година по создавањето на МСУ. Нашиот Факултет за психологија уште од самото основање од 2005-тата година им помага на своите студенти да стекнат сознанија за гледање на светот и случувањата од различни перспективи и да развиваат вештини со кои го подобруваат животот на сите кои ги опкружуваат.
Факултетот за психологија на студентите им нуди четиригодишни додипломски студии и едногодишни и двегодишни последипломски студии.

•    Додипломски студии (240 ЕКТС)

•    Општа психологија (4+1)
•    Последипломски студии (300 ЕКТС)

•    Едногодишни:
-    Клиничка и советодавна психологија (4+1)
-    Психологија во социјалната заштита (4+1)

•    Двегодишни:
-    Клиничка и советодавна психологија (3+2)
-    Психологија во социјалната заштита  (3+2)



Знаењето и вештините пред сè

Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола Ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на психологијата. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат психолози спремни да се соочат со предизвиците на денешното живеење!

Важно е како ќе го употребите наученото

Посветеноста на студентите и нивниот професионален развој им дава можност да стекнат квалитетно теоретско познавање од областа на психологијата, но и да научат како да го надоградуваат, проверуваат и преиспитуваат своето и туѓото психолошко мнение – бидејќи работат со материја која е флексибилна, променлива и со големи барања – тие работат со луѓе. Со други зборови, се трудиме да ги научиме нашите студенти на техниките на „ловење риба“, наместо да им оставаме „уловени риби“.

Современи програми за современи психолози

Насоката Општа психологија на додипломските студии и насоките Клиничка и советодавна психологија и Психологија во социјална заштита на вториот циклус студии се акредитирани според последните светски трендови од областа на психологијата, што значи дека ќе ја изучувате психологијата преку најсовремени студиски програми.

Теорија + пракса = идеална комбинација

Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет Г. Р. Державин“- Свети Николе • Битола Ви нуди не само теоретска подготовка, туку и практична настава која задолжително се реализира во текот на студиската година во сите институции во кои психолозите работат: во училишта, центри за ментално здравје, клиники, центри за социјална работа и многу други институции.
На факултетот исто така се организираат и многу семинари, работилници и настани со надворешни соработници и истакнати експерти од праксата, што е од непроценливо значење за нашите студенти, кои имаат единствена можност да учествуваат на нив.



Интернационална соработка

Соработката со нашите колеги од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Руска Федерација, дава посебен интернационален белег на нашите студии.
Како кадар сме поддржувачи на идејата на континуирано учење, личен и професионален раст и развој и затоа доблесни сме да учиме и да ги применуваме најуспешните практики од европските и светските искуства.
Тоа им го пренесуваме и на нашите студенти, а исто така, преку студентските размени што ги организираме, тие имаат можност да ги посетат психолошките истражувачки центри и да ја следат работата на руските професионалци од областа на психологијата.




Шанса да се разберете себеси

Без разлика што или каде ќе работите во иднина, знаењата од областа на психологијата ќе ви бидат многу корисни во животот, бидејќи, меѓу другото, тие ви помагаат да се разберете самите себеси.
Како што ќе откривате нови информации за развојот на личноста, формирањето на карактерот и како општеството и културата влијаат врз однесувањето, така ќе добивате и поголемо разбирање за нивното влијание врз Вашиот сопствен живот.
Ќе можете да влијаете на подобрување на сопствените вештини за учење и совладување на даден материјал. Би знаеле како да се изборите со притисокот на работното место.

Шанса да го разберете светот

Со изучувањето на разните аспекти на човечкото однесување, Вие ќе можете да го процените однесувањето на различни типови луѓе во дадена ситуација, ќе знаете како да ја подобрите вашата интеракција со нив.

Додипломски студии

Факултетот за психологија на студентите им нуди една општа насока на четиригодишните додипломски студии.

•    Додипломски студии (240 EКТС)
•    Општа психологија (4+1)

Главната цел на додипломските студии е да ги запознае студентите со важните и суштинските поими од психологијата, кои ќе бидат квалитетна основа за продолжување на нивната кариера во конкретна психолошка дисциплина. Бидејќи е општа насока, по дипломирањето студентите лесно ќе можат да одберат која ќе биде дисциплината на која ќе се фокусираат.

Насока Општа психологија (4+1)

Брошура

На Факултетот за психологија за додипломски студии акредитирана е насоката Општа психологија (4+1). Студиите се четиригодишни, односно носат 240 ЕКТС кредити.

На насоката Општа психологија, тимот од докажани професионалци ќе ви овозможи да се стекнете со непроценливо теоретско и практично знаење кое без сомнение ќе ве подготви да одговорите на сите потреби на луѓето со кои во иднина ќе работите.



На оваа насока ќе изучувате предмети поврзани со едукација, ментално здравје, социјални вештини, истражувања во областа на психологијата и многу други дисциплини, кои ќе ги прошират вашите перспективи и ќе бидат цврста основа за вашиот понатамошен професионален развој.
Предметите опфаќаат продлабочени содржини од повеќе дисциплини на психологијата кои ќе ви овозможат да ја согледате интеракциската врска помеѓу средината и однесувањето на индивидуата, ќе научите повеќе за комуникацијата помеѓу луѓето, следење на промените и проблемите… Истовремено предметите треба да развијат вештини за примена на тие знаења во психолошката практика.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 32 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети.

Услови за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Последипломски студии
Факултетот за психологија на идните студенти им нуди две насоки на едногодишните и двегодишните последипломски студии.

Последипломски студии (300 ЕКТС)

•    Едногодишни:

-   Клиничка и советодавна психологија (4+1)
-   Психологија во социјалната заштита (4+1)

•    Двегодишни:
-    Клиничка и советодавна психологија (3+2)
-    Психологија во социјалната заштита  (3+2)

Последипломските студии по психологија се чекор понапред кон насочување кон една дисциплина во психологијата низ теорија, спроведување истражувања и квалитетна практична настава. Доколку сакате да имате длабоки познавања за однесувањето, мислите, интеракциите и реакциите на луѓето, сакате да градите кариера како успешен психолог и себеси се гледате како иден магистер на психолошки науки, тогаш разгледајте ги подетално насоките кои ги нудиме. Можеби ќе ги пронајдете Вашите интереси во некоја од насоките кои ги нудиме.

Насока Клиничка и советодавна психологија

Брошура

Оваа насока е наменета за студентите кои имаат интерес да ги истражуваат и да одговорат на психолошките потреби на луѓето, преку процена и третман на нивните ментални, емоционални и бихевиорални проблеми.
Студентите на оваа насока изучуваат предмети со кои се стекнуваат со знаeња за подобрување и унапредување на менталното здравје, а задолжителната практична настава низ многу институции во Република Македонија само допринесува да ги подобрат вештините за соочување со предизвиците на клиничката и советодавна работа.



Студиите можат да бидат со времетраење од една година (60 кредити) или две години (120 кредити). Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС, додека упис едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС.
Во рамките на двегодишните студии се опфатени 7 предмети кои студентите треба да ги положат, додека кај едногодишните студии бројот на предметите изнесува 4.
Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.

Насока Психологија во социјалната заштита

Оваа насока на Факултетот за психoлогија овозможува стручна подготовка на студентите за обезбедување на директни услуги, советување и третман на индивидуи, групи и заедници кои имаат потреба од помош.
Насоката е наменета за сите оние кои сакаат да се грижат за луѓето, да работат на социјални промени и да направат нешто во врска со унапредување на квалитетот на живот на индивидуално и глобално ниво.



Студиите можат да бидат со времетраење од една година (60 кредити) или две години (120 кредити). Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС, додека упис едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС.
Во рамките на двегодишните студии се опфатени 7 предмети кои студентите треба да ги положат, додека кај едногодишните студии бројот на предметите изнесува 4.
Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.



Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и дипломирани студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.