Нашиот најмлад член
Од академската 2014/2015 година Факултет за правни науки се придружи на фамилијата факултети при МСУ. Ова е прв факултет за правни науки во државата со акредитирани програми согласно најновите измени на Законот за високо образование.
• Додипломски (180 ЕКТС, тригодишни)
o Правни студии (3+1+1)
• Изборни модули во четврта година (240 ЕКТС)
o Административно право и јавна администрација (3+1+1)
o Граѓанско право (3+1+1)
o Казнено право (3+1+1)
o Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
o Финансии и деловно право (3+1+1)
• Магистерски студии (300 ЕКТС, петта година)
o Административно право и јавна администрација (3+1+1)
o Граѓанско право (3+1+1)
o Казнено право (3+1+1)
o Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
o Финансии и деловно право (3+1+1)
Иако најмлад член на нашата фамилија факултети, факултетот за правни науки има е потпишано договори за соработка и пракса со Уставниот суд на Република Македонија, со Комората на извршители на Република Македонија и со Комората на нотари на Република Македонија, а во подготовка се договори за соработка со многу други државни институции.
Современи наставни програми за современи правници
Тој претставува факултет во кој работат квалитетни кадри по претпознатлива наставна програма надополнета со квалитетна клиничка настава, односно практично надополнување на теоретското знаење. Овде наставниот и соработничкиот кадар, составен од млади ентузијасти и искусни стручни работници, им стои на располагање на студентите во секое време.
Идните студенти во Факултетот за правни науки треба да препознаат квалитетна правна надградба изведена во современи услови и реализирана по најновите наставни програми. Студиите што ги нудиме на правниот факултет се тригодишни, а во четвртата година се избира изборен модул.
Зошто да студирате правни науки?
Одлуката да се запишете на Факултетот за правни науки ќе допринесе да ги развиете и унапредите вашите комуникациски вештини, како и способности за решавање на комплексни проблеми.
Факултетот за правни науки пружа широк спектар опции за надоградба на вашата кариера, со тоа што ќе ги стекнете основните знаења за тоа како функционира општеството во кое живееме. По завршувањето на овој факултет вие ќе имате критичко и аналитичко размислување за проблемите кои настануваат во општеството и нивното решавање.
Факултет кој Ве подготвува за иднината
Во вакво општество, кога сите се стремиме кон Европа, и во кое сме сведоци на континуирана и комплетна промена на законските регулативи, факултетот за правни науки е најдобрата институција која ќе ги подготви студентите да можат да се справат и квалитетно да ги следат измените на законите, да дебатираат за нив и да бидат подготвени еден ден и да ги изработуваат истите.
Ова на нашите студенти им овозможува полесно вработување и придонес кон квалитетна примена на законите во институциите каде што ќе работат.
Што по дипломирањето?
Правото како професија е се повеќе дефицитарно од аспект на квалитетен кадар кој што ќе може да одговори на брзото развивање на модерниот свет.
По завршувањето на Факултетот за правни науки, откако ќе се стекнат со квалитетни вештини и познавања од областа на правото, нашите студенти ќе можат да работат на сите работни места кои ги нуди оваа професија: адвокати, судии, обвинители, правници во фирми како и во државна и локална администрација и др.
Додипломски студии
Студиските програми на Факултетот за правни науки ги следат светските трендови на современата наука и пракса во најразвиените земји и нудат интердисциплинарен пристап преку организација на студиите на три нивоа (3+1+1), односно два циклуси на студии кои опфаќаат квалитетни додипломски и последипломски правни студии.
На Факултетот за правни науки во моментов се акредитирани тригодишни општи студии по право – Правни студии (3+1), а во четвртата година се избира еден од петте модули. Со завршени тригодишни студии студентот се стекнува со стручен назив правник, додека после завршување четвртата година се стекнува со стручен назив дипломиран правник.
Насоки:
• Додипломски (тригодишни)
• Правни студии
• Изборни модули во четврта година
• Административно право и јавна администрација
• Граѓанско право,
• Казнено право,
• Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија и
• Финансии и деловно право
Правни студии (180 ЕКТС, тригодишни) Брошура
Студиската програма на правните студии му овозможува на студентот по завршување на првото ниво на студии да се стекне со општи познавања од областа на правото и да добие диплома „правник“, како и да продолжи со натамошна специјализација на една од петте специјализирани студиски програми (изборни модули) и да се стекне со напредни познавања од областа на правото и да добие диплома „дипломиран правник“.
Студиската програма на првиот циклус на (тригодишни) правни студии, односно додипломските студии е со траење од три години (шест семестри) и опфаќа изучување на 26 задолжителни предмети кои носат 180 кредити. Овие предмети му овозможуваат на студентот да се стекне со општо правно образование. Наставата во овие 3 години (шест семестри) се одвива во вкупно 1302 часа. Согласно Законот за високото образование со завршувањето на првите три години од правните студии, студентот добива диплома за стекнат стручен назив „правник“.
Изборни модули (четврта година, 240 ЕКТС)
Изборните модули се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки во четвртата година од студиите, односно да освои дополнителни 60 ЕКТС.
Студиските програми траат една година (два семестри) и со нивното завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршен дипломски труд, студентот се стекнува со стручниот назив „дипломиран правник“.
Во четвртата година студентите избираат еден од следниве модули:
• Административно право и јавна администрација;
• Граѓанско право;
• Казнено право;
• Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија и
• Финансии и деловно право
Насока Административно право и јавна администрација (3+1+1) Брошура
Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Поаѓајќи од определбите на Република Македонија за членство во Европската Унија и НАТО, и реформските процеси кои се спроведуваат во таа студиска програма, сведоци сме на постојана флуктуација на проблемите од областа на јавната администрација и државната администрација. Како дел од тие реформски процеси е и процесот на децентрализација. Реформата на јавниот сектор наметнува потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на управното право и јавната управа.
Следејќи ги глобалните трендови за профилирање стручни кадри од областа на јавната администрација и државната администрација, Факутетот за правни науки при МСУ како неминовна и неопходна ја оцени потребата од воведување на специјализирана студиска програма која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини од оваа област, како и истото тоа да го примени во пракса.
Насока Граѓанско право (3+1+1) Брошура
Поаѓајќи од основните постулати на современата правна наука и трендот за изучување на системот на граѓанското право и граѓанско правните институти на најреномираните правни факултети во светот, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го примени во пракса.
Оваа студиска програма на студентот му нуди можност да го прошири своето знаење во однос на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, како и да го прошири своето знаење во повеќе правни дисциплини од областа на граѓанското право во споредбеното право. Се очекува студентот во рамки на овој циклус на студии да се профилира во стручен кадар кој поседува проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, со што ќе даде свој придонес кон развојот на судскиот систем, адвокатурата, нотаријатот, извршувањето, јавната и државната администрација, невладиниот сектор, правните служби на странски и домашни приватни компании и слично.
Насока Казнено право (3+1+1)
Брошура
Современите трендови на најголемиот број правни факултети во светот за изучување на казненото право, се во директна корелација со статистичките податоци кои одат во прилог дека процентот на криминогени однесувања бележи значителен пораст на глобално ниво. Од тие причини, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма за изучување на оваа фундаментална и комплексна дисциплина која ги опфаќа аспектите на казненото материјално, процесно и извршно право.
Предмет на изучување во рамки на оваа студиска програма е и криминологијата и пенологијата како предметни содржини во рамки на кои студентот ќе стекне продлабочени знаења за начините за сузбивање и превенција на криминалитетот. Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, се очекува да стекнат не само проширено теоретско познавање на казненото право, туку и и вештини за негова практична примена пред правосудните органи, јавното обвинителство и други институции кои имаат истражни овластувања.
Насока Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1) Брошура
Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, безбедност и економија, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.
Оваа студиска програма на студентите им нуди можност да се стекнат со проширено знаење од областа на меѓународното право, право на ЕУ и дипломатијата. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.
Насока Финансии и деловно право (3+1+1) Брошура
Следејќи ги современите економски текови и деловните односи како на локално, така и на глобално ниво, Факултетот за правни студии при МСУ на студентите им овозможува да го прошират своето знаење на правните и економски аспекти на правната регулатива со која поблиску се уредени прашањата од областа на деловното право и финансиите.
Оваа студиска програма, на студентите им нуди да стекнат потребната теоретска основа и практичните познавања способности и вештини од областа на трговско право, пазарот на хартии од вредност, работните односи со сите свои правни, социјални и економски димензии, како и знаења од областа на корпоративниот маркетинг и деловните финансии што ќе придонесе за нивно подобро профилирање како стручни кадри во областа на бизнис опкружувањето. Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, ќе имаат можност да се запознаат и со деловното опкружување на споредбеноправните системи на земјите на ЕУ, како и начинот на функционирање на заедничкиот европски пазар.
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Последипломски студии
Студиските програми на Факултетот за правни науки ги следат светските трендови на современата наука и пракса во најразвиените земји и нудат интердисциплинарен пристап преку организација на студиите на три нивоа (3+1+1), односно два циклуси на студии кои опфаќаат квалитетни додипломски и последипломски правни студии.
Студиските програми за последипломски правни студии од втор циклус (последипломски магистарски студии) се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по право“ во конкретната област/ програма.
На Факултетот за правни науки во моментов се достапни 5 насоки на последипломски студии:
• Административно право и јавна администрација;
• Граѓанско право;
• Казнено право;
• Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија и
• Финансии и деловно право
Во секоја од наставните програми од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.
Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со соодветно звање магистер по право.
Насока Административно право и јавна администрација (3+1+1) Брошура
Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Поаѓајќи од определбите на Република Македонија за членство во Европската Унија и НАТО, и реформските процеси кои се спроведуваат во таа студиска програма, сведоци сме на постојана флуктуација на проблемите од областа на јавната администрација и државната администрација. Како дел од тие реформски процеси е и процесот на децентрализација. Реформата на јавниот сектор наметнува потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на управното право и јавната управа.
Следејќи ги глобалните трендови за профилирање стручни кадри од областа на јавната администрација и државната администрација, Факутетот за правни науки при МСУ како неминовна и неопходна ја оцени потребата од воведување на специјализирана студиска програма која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини од оваа област, како и истото тоа да го примени во пракса.
Насока Граѓанско право (3+1+1) Брошура
Поаѓајќи од основните постулати на современата правна наука и трендот за изучување на системот на граѓанското право и граѓанско правните институти на најреномираните правни факултети во светот, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го примени во пракса.
Оваа студиска програма на студентот му нуди можност да го прошири своето знаење во однос на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, како и да го прошири своето знаење во повеќе правни дисциплини од областа на граѓанското право во споредбеното право. Се очекува студентот во рамки на овој циклус на студии да се профилира во стручен кадар кој поседува проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, со што ќе даде свој придонес кон развојот на судскиот систем, адвокатурата, нотаријатот, извршувањето, јавната и државната администрација, невладиниот сектор, правните служби на странски и домашни приватни компании и слично.
Насока Казнено право (3+1+1) Брошура
Современите трендови на најголемиот број правни факултети во светот за изучување на казненото право, се во директна корелација со статистичките податоци кои одат во прилог дека процентот на криминогени однесувања бележи значителен пораст на глобално ниво. Од тие причини, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма за изучување на оваа фундаментална и комплексна дисциплина која ги опфаќа аспектите на казненото материјално, процесно и извршно право.
Предмет на изучување во рамки на оваа студиска програма е и криминологијата и пенологијата како предметни содржини во рамки на кои студентот ќе стекне продлабочени знаења за начините за сузбивање и превенција на криминалитетот. Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, се очекува да стекнат не само проширено теоретско познавање на казненото право, туку и и вештини за негова практична примена пред правосудните органи, јавното обвинителство и други институции кои имаат истражни овластувања.
Насока Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1) Брошура
Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, безбедност и економија, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.
Оваа студиска програма на студентите им нуди можност да се стекнат со проширено знаење од областа на меѓународното право, право на ЕУ и дипломатијата. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.
Насока Финансии и деловно право (3+1+1) Брошура
Следејќи ги современите економски текови и деловните односи како на локално, така и на глобално ниво, Факултетот за правни студии при МСУ на студентите им овозможува да го прошират своето знаење на правните и економски аспекти на правната регулатива со која поблиску се уредени прашањата од областа на деловното право и финансиите.
Оваа студиска програма, на студентите им нуди да стекнат потребната теоретска основа и практичните познавања способности и вештини од областа на трговско право, пазарот на хартии од вредност, работните односи со сите свои правни, социјални и економски димензии, како и знаења од областа на корпоративниот маркетинг и деловните финансии што ќе придонесе за нивно подобро профилирање како стручни кадри во областа на бизнис опкружувањето. Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, ќе имаат можност да се запознаат и со деловното опкружување на споредбеноправните системи на земјите на ЕУ, како и начинот на функционирање на заедничкиот европски пазар.
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии). Право на запишување имаат и дипломирани студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.