Факултет со долгогодишно искуство
Нашиот Факултет за економија и организација на претприемништвото уште од самото основање им помага на студентите да се остварат себеси како млади економисти и менаџери подготвени да се изборат за своето место на пазарот на трудот.
Кога се запишувате на нашиот факултет вие се придружувате на фамилијата од илјадници наши студенти кои се имаат стекнато со титулата дипломиран економист – менаџер. Ние знаеме дека економијата и организацијата на претприемништвото се интересни теми за проучување и подготвени сме да ги споделиме нашите знаења со вас!
Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди четиригодишни додипломски студии и едногодишни последипломски студии.
• Менаџмент на организација (4+1)
• Финансии и кредит (4+1)
- Последипломски (300 ЕКТС)
• Маркетинг менаџмент (4+1)
• Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)
Знаењето и вештините пред сè
Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународниот Славјански Универзитет ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на економијата и менаџментот. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат економисти подготвени да се соочат со предизвиците на денешното живеење!
Важно е да научите како да размислувате
Нашите програми се спој помеѓу економијата и менаџментот, црпејќи ги најзначајните работи од двете области.
Посветеноста на студентите на нивниот професионален развој им дава можност да стекнат квалитетно теоретско познавање од областа на економијата и менаџментот, но и да научат како да го надоградуваат, проверуваат и преиспитуваат, бидејќи економијата и менаџментот се подложни на брзи промени. За да бидат во чекор со времето, студентите треба да научат како да учат и да се надоградуваат постојано.
Современи наставни програми за современи економисти и менаџери
Нашите студиски програми за додипломски и последипломски студии опфаќаат голем број предмети кои се изучуваат на светски познати универзитети. Вежбите и работилниците кои ги вклучуваме како дополнителни активности на практичен начин им го приближуваат менаџерскиот свет на нашите студенти.
Предметите од областа на економијата ќе ви покажат дека сè се врти околу изборот – од одлуките кои ги правиме како поединци, до комплексните структури креирани од компаниите и владите.
Предметите од областа на менаџментот ќе ве научат колку е важен човечкиот фактор во структурата, обликот и културата на организациите. Исто така ќе научите дека менаџерот за да може правилно да ја работи својата работа ќе мора да научи да слуша и гледа повнимателно и подалеку од очигледното.
Соодветни технички услови
Студентите ја следат наставата според сите европски и светски стандарди, тргнувајќи од современо опремените кабинети, научната литература со која се служат, па се до непосредната комуникација со професорите и нивната достапност во секое време, што веројатно е најголемиот и најблагородниот придонес на приватното образование.
Додипломски студии
Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди две насоки на четиригодишните додипломски студии.
• Додипломски (240 ЕКТС)
o Менаџмент на организација (4+1)
o Финансии и кредит (4+1)
Нашите додипломски студии ви нудат многу повеќе од само академска титула. Преку практичната настава и работилниците кои ги организираме во и надвор од наставата ќе ви помогнеме да се стекнете потребните вештини, знаење и искуство за да се изградите себеси како добар економист – менаџер.
Насока Менаџмент на организација (4+1)
Брошура
Менаџмент на организација е најпопуларната насока на Славјански, а студиите траат четири години, односно осум семестри.
На насоката Менаџмент на организација како студент ќе бидете запознаени со основите на менаџментот, бизнис стратегиите, психологијата на бизнис, менаџментот со човечки ресурси, но ќе изучувате и предмети од економијата кои ќе ви бидат значајни за менаџирањето на компанијата или организацијата каде ќе работите во иднина.
Предметите од оваа насока ќе ви дадат јасна слика за менаџерските функции, улоги, одлуки и вештини. Детално ќе ги проучите сите менаџерски функции – планирање, организирање, раководење и контролирање. Ќе се посвети внимание на решавањето на проблеми и донесување одлуки, справување со организациски конфликти и управување во кризни ситуации. Преку вежби, како идни менаџери ќе бидете запознаени со повеќе начини на тимска работа и воспоставање и одржување на комуникацијата и соработка со експерти од разни области.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 32 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети.
Насока Финансии и кредит (4+1) Брошура
Финансиите играат значајна улога во стабилноста на светската економија, што значи дека тие се директно или индиректно поврзани со сите нас. Финансии и кредит е насока за сите оние кои сакаат да се вработат во областа на финансиите (сметководители, банкари). Студиите траат четири години, односно осум семестри.
Во наставната програма ќе ви бидат објаснети суштината и практичното значење на основните принципи на финансиите, ќе научите да ги познавате карактеристиките и видовите на различни финансиски инструменти (обврзници, акции, штедни влогови, заеми, финансиски деривати, итн.), ќе ги научите принципите на вреднување на финансиските инструменти, односно основните фактори од кои зависи одлуката на инвеститорот во кои од финансиските инструменти ќе ги вложи своите пари.
Вклучени се и предмети од областа на сметководството, каде ќе бидете запознаени со основните техники на книжење на средствата, со сметководственото евидентирање на приходите и расходите…
Финансии и кредит е насока која ќе ви помогне да ги развиете своите аналитички вештини, како и вештините за донесување заклучоци. Постојат бројни претходно подготвени теории кои можат да ви помогнат да одлучите кое финансиско решение е најдобро, но овде ќе научите дека секоја ситуација е различна. Претходно подготвените теории ќе ви помогнат да ги согледате работите, но не значи дека секогаш ќе можат да се имплементираат такви какви што се.
Токму затоа, овде ќе научите да го развиете вашето „чувство“ за справување со работите кои не може да се предвидат, кое вам, како иден економист, ќе ви биде најдобар сојузник.
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Последипломски студии
Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди 2 насоки на едногодишните последипломски студии.
• Последипломски (300 ЕКТС)
• Маркетинг менаџмент (4+1)
• Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)
Насока Маркетинг менаџмент (4+1) Брошура
Маркетинг е областа од менаџментот која се занимава со истражување и задоволување на потребите на клиентите, низ развивање на производите и услугите што ги нуди компанијата и нивно прилагодување на барањата на пазарот. Како негови неизоставни делови се јавуваат планирањето, одредувањето на цената, рекламирњето, промоцијата и дистрибуцијата.
На насоката Маркетинг менаџмент ќе научите за цврстите и нераскинливи врски кои постојат во праксата помеѓу маркетингот и финансиите, сметководството, персоналот, информатичките системи, бизнис комуникациите и стратешкиот менаџмент. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити. Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.
Овде, како иден маркетинг менаџер, ќе научите како да ги развивате и менаџирате секојдневните релации што се воспоставуваат помеѓу клиентите, конкуренцијата, партнерите, добавувачите и останатите учесници во процесот на продажба.
Ќе научите како да ги идентификувате маркетинг-можностите, да изработувате маркетинг план за искористување на тие можности и да го реализирате маркетинг-планот преку соодветните маркетинг-стратегии во клучните подрачја како производ, цена, промоција и дистрибуција. Ќе можете да водите успешна политика на развој на нови производи, или иновирање на веќе постоечките.
По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки.
Насока Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1) Брошура
На насоката Менаџмент со човечки ресурси ќе научите да „направите место“ за современите модели на управување, кои се пофлексибилни, попрактични и секако, похумани. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити. Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.
Менаџментот со човечки ресурси може да биде дефиниран како менаџирање на работата и луѓето со цел да се постигнат саканите резултати. Ова е клучен дел од секоја организација и овде на исто мерило се ставаат високите перформанси на луѓето вклучени во организацијата, како и целите на истата.
Во современите организации, од сите основни ресурси (суровини, машини, капитал, луѓе) акцентот свесно се става на луѓето. Менаџментот на човечките ресурси е комплексен процес, тесно испреплетен со други аспекти во бизнисот и е стратешки партнер во придонесот за реализација на поставените цели.
Студиите ќе ви овозможат да стекнете знаење за разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси, да го планирате потребниот број и структура на вработените, да ги анализирате и обликувате работите и работните места, да ги придобивате, избирате и распоредувате вработените, како и да ги развивате потенцијалите на секој вработен.
Ќе знаете зошто мотивацијата во работата е важна и како се стимулира, зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување и како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа.
По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки.
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.