X
 01.01.2019 Живот

Кога почнало испраќањето на новогодишните картички?

Обичајот да се испраќаат картички за Божиќ почнал во 1843 година во Обединетото Кралство, од сер Хенри Кол. Тој бил цивилен службеник (работел за владата) и бил многу заинтересиран за новата „јавна пошта“ и како обичните луѓе би можеле повеќе да ја користат.

Сер Хенри дошол на идеја за новогодишни картички со неговиот пријател Џон Хорстли, кој бил уметник. Тие ја дизајнирале првата картичка и ја продавале по еден шилинг. (Тоа е денес околу 5 пени или 8 центи, но тогаш тоа вредело многу, многу повеќе). Картичката имала три листа. На надворешните два имало цртежи на луѓе кои се грижеле за сиромашните, а на средниот лист имало цртеж на семејство пред обилна божикна вечера! На некои луѓе не им се допаѓале картичките затоа што на нив имало дете на кое му давале чаша вино. Околу 1000 (можеби и помалку) биле отпечатени и продадени. Сега се многу ретки и чинат и по неколку илјади фунти или долари.

Првите поштенски услуги што луѓето можеле да ги користат започнале во 1840 година, со почетокот на првата услуга „марка пени“ за достава. Пред тоа само богатите луѓе можеле да си дозволат да испраќаат нешто преку пошта. Новата пошта можела да понуди услуга со марка од еден пени, затоа што веќе постоела првата железница. Преку неа можеле да се пренесуваат многу повеќе пратки отколку со претходниот превоз со коњи и кочии. Исто така, возовите возеле побрзо. Картичките станале уште попопуларни во Велика Британија откако било овозможено да се испраќаат во отворен коверт за пола пени – половина од цената за обично писмо.

Додека се унапредувале методите за печатење, божиќните картички станувале сѐ попопуларни, и од 1860 година биле произведувани во огромни количини. До почетокот на 20 век овој обичај се проширил низ цела Европа и станал особено популарен во Германија. Првите картички вообичаено имале слика од раѓањето во пештерата. Во доцна викторијанска доба биле многу популарни слики со славеи (англиската птица) и слики со снег. Во тие времиња поштарите биле нарекувани „славеи поштари“ поради црвената униформа што ја носеле. Сликите со снег биле популарни затоа што ги потсетувале луѓето на лошата зима која се случила во Велика Британија во 1936 година.

Новогодишните картички се појавиле во САД во доцните 40-ти години од 19 век. Но биле многу скапи и повеќето луѓе не можеле да си ги дозволат. Во 1875, печатарот Луси Пранг, кој бил роден во Германија, но работел на првите картички во Велика Британија, започнал со масовно производство на картички за повеќето луѓе да можат да си дозволат да ги купат. На првите картички од Пранг имало цвеќиња, растенија и деца. Во 1915, Џон Хол и неговите двајца браќа ги регистрирале Халмарк картичките, кои до ден-денес се едни од најголемите произведувачи на картички.

Помеѓу 1910 и 1920, популарни станале картичките направени дома. Тие често имале невообичаен облик и на нив се ставале ленти и фолии. Тие вообичаено биле деликатни за испраќање преку пошта, па затоа биле давани на рака.

Денес, на картичките има секакви слики: вицови, зимски идили, Дедо Мраз или романтични сцени на животот во минатото. Добротворните организации често продаваат свои божиќни картички во обид да соберат средства за Божиќ. Тие исто така заработуваат од продажбата на печати или налепници со кои се затвораат пликоата за картичките. Овој обичај започнал во Данска на почетокот на 20 век од некој поштенски работник кој мислел дека е тоа добар начин добротворните организации да собираат пари, како и тоа картичките да бидат поукрасени. Тоа било голем успех: над четири милиони биле продадени во првата година! Набргу Шведска и Норвешка го прифатиле овој обичај, а потоа тој се проширил низ цела Европа и во Америка.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот