X
 31.12.2022 Живот

Како се слави Новата година во земјите низ светот?

Жителите на различни земји низ светот практикуваат различни и интересни новогодишни обичаи за Новата година да им донесе повеќе среќа и успех.

Жителите на Јапонија на новогодишната ноќ поставуваат јаже над вратите од нивните домови, за кое веруваат дека ќе им донесе среќа. Кога ќе дојде полноќ, Јапонците почнуваат гласно да се смеат, што треба да им донесе радост во Новата година.

Холанѓаните на новогодишната ноќ палат новогодишни елки на улиците за да ги избркаат злите духови.

Жителите на Швајцарија прославата ја практикуваат во форма на маскенбал, облечени во костими кои симболизираат добри и зли духови кои треба да поминат, а во новата година остануваат само добрите.

Најважната новогодишна традиција во Шпанија е јадењето грозје. Шпанците пред полноќ подготвуваат 12 зрна грозје, кои ги јадат во моментот на збогување со старата и пречекување на Новата година.

Во Велика Британија постои верување дека среќа носи првиот човек што ќе влезе во куќата во Новата година, па Британците на овие луѓе им даваат подароци, главно пари, но често и леб и слатки.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот