На популарната онлајн-продавница „Ибеј“ постои категорија за продажба на непосакувани божиќни подароци, од кои повеќето се продаваат неотпакувани. Сопствениците си имаат причини за тоа, а оној што купува често не знае што купува.
Многу луѓе ја користат можноста за на „Ибеј“ да ги продадат непосакуваните божиќни подароци, со тоа што повеќето подароци се завиткани во украсна хартија и воопшто не се отворени. „Ибеј“ има сопствена категорија за продажба на овие подароци наречена „brand new unwanted Christmas gifts“, а цената се движи од 11 до 70 евра.
Фото: eBay
Меѓу непосакуваните подароци се плетени чорапи, шминка, козметички производи, накит и чоколадо. Некои од продавачите тврдат дека имаат вистински причини поради кои не ги сакаат божиќните подароци и се надеваат дека на аукција ќе пронајдат некој што ќе ужива во нив. Така, една личност што продава подарок по цена од 70 евра пишува:
Фото: eBay
- Постои вистинска причина зошто не го сакам овој подарок, па се надевам дека некој друг ќе може да ужива во него. Не знам што има во него, не го сакам и не го ни отворив. Со оглед на кесата во која го добив, можеби станува збор за накит, но не знам. Ознаката со моето име ќе биде отстранета пред да го испратам.
Друг корисник објаснува дека подароците ги продава во име на својата пријателка на која ѝ ги испратило нејзиното поранешно момче.
- Поминував покрај нејзиниот дом и во разговор спомена дека поранешното момче двапати дошло до нејзиниот дом и оставило подарок на прагот. Ќе завршеа во кантата ако не ѝ понудев да ги продадам и да ѝ ги дадам парите - пишува авторот на објавата.
- Ставив пенкало на сликата за да видите приближно колку се големи, а ги сликав и на кујнската вага за да добиете идеја колку тежат - пишува во објавата.
Извор:
Mirror.co.uk
Фото: eBay