X
 07.05.2020 Живот

Повеќе од милијарда жители и ниеден продаден автомобил

Втората земја во светот со најмногу жители, Индија е апсолутен рекордер според бројот на непродадени автомобили во еден месец во текот на пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата ги зафати сите пори на општеството на глобално ниво, па така и автоиндустријата.

Фабриките со недели беа затворени, исто како и продажните салони, па единствената продажба на новите автомобили во светот можеше да се одвива со достава.

Затоа не е ни чудно што одредени пазари паднаа за 50 и повеќе отсто во споредба со истиот период лани.

Сепак, апсолутен рекордер е Индија. Во земјата со 1,35 милијарда жители во април не е продаден ниеден нов автомобил.

Прогласувањето на карантинот во Индија значеше затворање на сите фабрики и салони за автомобили, што во превод значи дека продажбата буквално запрела.

Единствените што пријавиле продажба во април се „Марути Сузуки“ со 632 и „Махиндра“ со 733 возила, а сѐ е за извоз.

Извор: BizLife
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот