X
 01.01.2023 Забава

Краток тест за креативност осмислен од психолог од „Харвард“

Џеј Олсон, психолог од Универзитетот „Харвард“, неодамна објави брз тест за креативност. Тој е многу едноставен и се вели дека е ефикасен бидејќи ја мери креативноста, а и други покомплицирани методи.

Во тестот се бара да напишете 10 збора кои се што подалечни едни од други во значењето. Алгоритамот треба да измери колку се оддалечени едни од други зборовите. На пример, зборовите за мачка и куче се блиски, додека оние за зима и нуклеарна централа се малку подалечни.

Според тестот, колку е поголема семантичката оддалеченост помеѓу зборовите, толку е поголема вашата креативност.

Теоријата што стои зад тестот се заснова на идејата дека креативните луѓе имаат подивергентни идеи, односно идеи кои се разликуваат и кои комбинираат знаења од различни области.

Тестот се решава за неколку минути, а можете да го најдете овде.

Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава