X
 01.01.2025 Технологија

„Крамб“ - апликација која составува рецепти за јадења според намирниците што ги имате

Секој што редовно подготвува различни оброци многу добро знае колку е тешко понекогаш да се добие инспирација за подготовка на различен, а вкусен оброк, особено кога треба да смислите јадење врз основа на достапните состојки. Токму во ова „Крамб“ сака да помогне со мала помош од вештачката интелигенција.

Имено, апликацијата овозможува да ѝ издиктирате што сѐ имате во оставата, кујната и фрижидерот, или што е моментално достапно (може да се внесат и состојки), а потоа ќе ви направи рецепти (на англиски јазик) за различни јадења.

Пред тоа може да се постават одредени параметри до кои „Крамб“ ќе се придржува при создавањето рецепти, така што е можно да се дефинираат специфични потреби во исхраната и на тој начин, на пример, да се утврди дека сакате да добивате рецепти само за вегански јадења или јадења без глутен.

Дополнително, можно е да се избере една од светските кујни, да се дефинира колку време имате на располагање за подготовка на оброкот и за колку луѓе. Има и некои други опции, па ова е уште една апликација која вреди да се проба. Достапна е на „Плеј стор“ и на „Епл Стор“.

Извор: bug.hr

Фото: App Store Screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија