X
 13.11.2018 Живот

Вистина е - за „нутела“ има два рецепта за различни пазари!

Контроверзиите околу разликите во квалитетот на „нутела“ се резултат на различни рецепти во производството, како и во традицијата и вкусовите на потрошувачите.

Ова го изјави Мари-Паули Бенаси, директорка на Генералната управа за правда и заштита на потрошувачите на Европската комисија, на тркалезната маса за правата на потрошувачите одржана во Загреб.

нутела
Фото: Profimedia


Во последниве години различни истражувања во некои земји-членки на ЕУ посочија дека постојат разлики во составот и во карактеристиките на истите брендови помеѓу источните пазари и „старите“ земји-членки. Според мислењето на Комисијата, нивните резултати, поради различните начини на собирање на примероци, тестирање и толкување на податоците, не би можеле да бидат споредливи.

- Разговаравме со главните на „Ферер“, сопственикот на производот „нутела“, па ни објаснија дека имаат два рецепта. Оригиналниот рецепт е оној од Италија, достапен за сите земји-членки, освен во Германија. Таму се користи различен рецепт - вели Бенаси.

- „Фереро“ сега работи на промена на рецептот за да го доближи италијанскиот рецепт до сите потрошувачи - додаде таа и напомена дека не постои јасна дефиниција за квалитет во ЕУ и тоа зависи од традицијата и од вкусот на луѓето. Таа напомена дека во ЕУ постои широка правна основа што ги штити правата на потрошувачите, иако за тој процес како најважна ја истакна свеста на потрошувачите за сопствените права.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот