X
 14.10.2023 Технологија

„Гугл мапс“ може да ви каже каде е најдобро да поставите соларни панели

„Гугл мапс“ може да го пресмета потенцијалот за производство на соларна енергија на покривите, да го следи квалитетот на воздухот и да предвиди количество на полен во воздухот.

Оваа апликација неодамна претстави повеќе нови опции, како „Солар АПИ“, што го пресметува потенцијалот за соларни панели на покривите со податоци за времето и сателитски фотографии. Целта на оваа алатка е да го забрза поставувањето на соларни панели со подобрување на проекциите за производство и олеснување на работата на поставувачите.

Алатката „Полен АПИ“ има цел да ги покаже последните информации за најчестите алергени во 65 земји со користење машинско учење и податоци за ветерот.

На сличен начин, „Ер куалити АПИ“ треба да покажува детални информации за квалитетот на воздухот користејќи повеќе извори како мерни станици, сателити, податоци од сообраќајот итн. Апликацијата може и да покажува региони кои се погодени од шумски пожари.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија