X
 01.02.2019 Наука

На Арктикот откриени предели што мразот ги криел 40.000 години

Глечерите на канадскиот Арктик се стопија до толкава мера што открија предели што биле скриени во последните 40.000 години.

Арктикот го доживува најтоплиот век во последните 115.000 години, според истражувањето објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“.

- Ова не е случајно. Oвие антички пејзажи се откриени низ голем географски регион на островот Бафин - вели Сајмон Педелтон од Универзитетот „Колорадо Болдер“, водител на истражувањето.

arktik
Фото: 123rf


Во текот на истражувањето научниците пронашле 48 примероци на мов и лишаи кои сѐ уште биле вкоренети на местата каде што умреле, поради проширувањето на ледената капа пред илјадници години. Примероците биле собрани во текот на летниот период од 2010 до 2015 години во 30 области на островот Бафин, каде што мразот се повлекол.

Користејќи технологија за застапеност на јаглерод С14, истражувачите откриле дека повеќето пронајдени растенија се наоѓале под мразот најмалку 40.000 години.

Најтопол век


Иако се работи за древни растенија, собраниот мов и лишаи се од истиот вид како оние што денес растат на островот. Педелтон смета дека ова не е необично, со оглед на тоа што се работи за период од десетици илјади години, а не милион.

Податоците што зборуваат за староста на пронајдените растенија заедно со податоците за температурите од овој период покажуваат дека ова е најтоплиот век на Арктикот во последните 115.000 години.

- Се чини дека трендот ќе продолжи и во текот на наредните неколку века ќе исчезне ледената покривка од островот Бафин, дури и со отсуство на дополнителното летно предупредување - покажува истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука