X
 22.05.2017 Наука

Видео кое ќе ви ја промени перспективата - Колку е длабок океанот?

Кога највисоката точка би се нашла под вода, растојанието меѓу неа и глобалната површина на океанот и понатаму би било поголемо од километар и пол.

Во океаните, кои содржат доволно вода за да се наполни када со должина од 1.102 километри, се наоѓа 99% од живиот свет на Земјата.

На длабочина од 100 метри нуркаат китовите, подморниците можат да се спуштат на длабочина од 200 метри, а најниската точка до која човек се спуштил со нуркање е 250 метри. На таа длабочина, притисокот е 26 пати поголем отколку на површина, што значи дека е во состојба да ги здроби белите дробови на луѓе кои не се во кондиција.

Максималната длабочина до која китовите се спуштаат ловејќи лигњи е 500 метри, додека границата од 730 метри изнесува најголемата длабочина до која се спуштаат модерните нуклеарни подморници. Ако би нурнала подлабоко од тоа, подморницата би можела да експлодира.

Доколку се потопи највисоката зграда во светот - Бурџ Калифа, таа би достигнала длабочина од 830 метри.

На 1.000 метри под нивото на морето би се наоѓале толку длабоко што сончевите зраци не би можеле да стигнат до нас. Оваа зона се нарекува уште и „полноќна зона“. Многу животни кои живеат тука немаат сетило за вид, како што се ракчиња без очи кои живеат на длабочина од 2.285 метри, близу подводните вулкани. Температурата на водата е неколку степени над нулата

Најниската точка на која е забележано присуство на цицач - клунестиот кит, изнесува 2.991 метар, но дури ни тој не би можел да се спушти во длабочината во која се наоѓа Титаник, 3.810 метри. На оваа длабочина, притисокот е 378 пати поголем отколку на глобалната површина на океанот. Сепак, жив свет може да се пронајде и тука.

Длабочината од 11.093 метри е позната како Хадова зона и во неа се наоѓа најдлабоката подводна пукнатина во светот. Ако во неа би ја потопиле планината Монт Еверест, би стигнале точка од 8.848 метри, што и понатаму не би можела да се спореди со двете најдлабоки точки до кои човек допрел.

Во 2012 година, режисерот Џејмс Камерон се спуштил во рамките на мисијата „Deep Sea Challenger“, на длабочина од 10.898 метри. Но, ниту во таа прилика не бил соборен рекордот кој го поставиле Жак Пикар и американскиот маринец Дон Влош. Тие во 1960 година успеале да нурнат во длабочина од 10.910 метри.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука