Оваа година во Велика Британија би можело да се роди дете од 3 родители. Надлежните институции дале зелено светло во 2 случаи.
Првпат границата беше поместена од страна на Џон Зенг, кој со колегите во 2016 година го направи тоа во Њујорк, а потоа се забележани случаи и во Украина. Сепак, Велика Британија е првата земја што официјално одобрила употреба на техника за терапија за замена на митохондрии со цел спречување на наследни митохондриски нарушувања.
Тим на научници од Њукасл добил одобрување да покрене постапка уште во 2016 година, но сега се дознава дека надлежните одобриле уште 2 случаи. Од центарот кој е задолжен за спроведување на постапката не потврдиле дали процедурата е започната.
Постапката е слична на вештачкото оплодување, но се користи генски материјал од тројца луѓе. Постапката е смислена за да им помогне на жените што имаат генски мутации на митохондриите да не ги пренесуваат на своето потомство.