X
 18.10.2017 Наука

Ураганот „Офелија“ е чуден и од друга причина

Не само што ураганот „Офелија“ е бура која се појавува за да почитува интернационални граници, туку е чуден и од друга причина.


фото извор: Dominic Lipinski/PA Wire

„Офелија“ е 10. последователен атлантски ураган, шема која почна со ураганот „Френклин“ во средината на август. Според метеорологот Филип Клотбах, последен пат таков синџир на бури имало во 1893 година. Сепак, најчудниот дел во врска со „Офелија“ е местото каде што се развива, односно во средината на Атлантскиот Океан.

Во нормални околности, топлата вода од океанот се зголемува и е заменета од студениот воздух, па тоа резултира со зголемена кондензација, што предизвикува формирање на огромни облаци кои носат силна бура. Топлиот воден фактор вообичаен за повеќето урагани значи дека тие обично почнуваат околу тропски региони, а тоа сигурно не е Атлантскиот Океан. Кога ќе се развијат, ретко некој да преживее доволно долго за да пристигне до копно. „Офелија“ се формира во место во Атлантскиот Океан каде што ураганите вообичаено завршуваат. Повеќето од ураганите потоа се упатуваат кон американските северни и јужни делови, а не кон Европа, како „Офелија“.

Според „Популар сајенс“, „Офелија“ се формирала поради континуираниот систем со низок притисок и потоа бавно развива тропски карактеристики. Тоа е можно поради средината, а развојот во тропски циклон зазема место со побавно темпо кое се случува во потоплите води.

Зошто ураганот се формирал на чудно место? Од „Популар сајенс“ велат дека екстремните разлики во температурата помеѓу мразот и млаката пониска атмосфера надоместиле за недостигот од топла вода во долниот дел.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука