X
 14.05.2016 Технологија

Работи кои треба веднаш да ги избришете од Facebook

Со согласувањето на користење на социјалната мрежа „Facebook“ вие се согласувате да споделувате информации за себе со цела мрежа, која потоа ги продава на огласувачите.


Работниот модел на „Facebook“ е едноставен. Компанијата ги нуди своите услуги бесплатно, но тие корисници не се клиентите на компанијата. Нивни клиенти се компании и агенции кои плаќаат за прикажување на огласи на корисниците на социјалната мрежа, а „Facebook“ тоа го прави подобри од сите останати платформи бидејќи има многу информации за вас. „New York Post“ препорачува неколку работи за себе кои треба веднаш да ги избришете од социјалната мрежа.

Местото каде што живеете

Во случај некој да има пристап до вашиот профил, вашата адреса би им помогнала многу за дополнителна штета. Освен тоа, прецизната локација им помага на огласувачите да ви сервираат што полични огласи.

Местото каде што работите

Причините за бришење на оваа информација се исти како и во случајот со местото на живеење.

Телефонски број

Давањето на телефонскиот број на „Facebook“ е нешто на што мрежата инсистира за да го заштитите профилот. Меѓутоа, кога го давате својот број на „Facebook“, не мора да го ставите на вашиот профил.

Датум на раѓање

Освен што со ова ќе го избегнете трошењето време на заблагодарување на сите честитки за роденденот, ќе може и да се заштитите од крадци на идентитетот.

Ставовите и интересите

Објавувајте што сакате, но кога „Facebook“ ќе ве праша за кого би сакале да гласате на следните избори или на која вера припаѓате, подобро е да не споделувате.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија