На 3 февруари, в недела, американските фудбалски фанови удобно ќе се сместат на каучите за да го следат најголемиот спортски настан во историјата на Америка - „Супербоул“.
За другите луѓе во светот, овој спорт и не е толку привлечен како за Американците, но она што нѐ интригира и привлекува се рекламите што се емитуваат во текот на овој спортски настан.
Уште од првата реклама што траела 30 секунди во 1967 година, „Супербоул“ стана еден од најпознатите настани на кој се рекламираат брендовите и компаниите.
Во 2018 година консултантската група „Кантар медиа“ проценила дека цената на реклама долга 30 секунди за време на еден натпревар се искачи на 5,5 милиони долари.
Од Синди Крафорд и Тифани Хадиш, до Карди Би и Бети Вајт, некои од најпознатите ѕвезди на Холивуд се појавија на најпознатите реклами за „Супербоул“.
Во пресрет на спортскиот настан во 2019 година, ова се најдобрите реклами за годинава, досега:
1. Стив Карел, Карди Би и Лил Џон во „Пепси“
2. Мајкл Бубле во „ПепсиКо Бубле“
3. Џеф Бриџис и Сара Џесика Паркер во реклама за „Стела Артоис“