X
 01.11.2022 Живот

Нови 46 казни за превозници на ученици

Во периодот од 6:00 до 10:00 часот денеска на територија на цела држава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата, информираа од МВР, констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци. Од нив, две за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, изречена е една мерки за возење без возачка дозвола…

- Упатени на вонреден технички преглед се 24 возила - се наведува во соопштението од МВР.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот