X
 01.03.2024 Живот

МВР воведе нова опција за побрзо закажување термин за фотографирање за лични документи

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб-страницата https://termin.mvr.gov.mk/ која има цел да придонесе за побрзо закажување термин за фотографирање за лични документи.

Во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“, граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин, се појаснува во соопштението од МВР.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк: https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот