Кога температурата надминува 35 степени, многу луѓе сакаат да посетат ладно место за да се релаксираат и да се оладат.
Сега, постои нов тренд на летни патувања кој станува доста популарен меѓу луѓето во Европа - „кулкејшнс“.
Овој тренд на патување во основа значи одење на одмор на убави и поладни места за да се победи топлината. Овој вид одмор се здоби со прилично голема популарност во Европа благодарение на топлотните бранови во јужниот регион на континентот.
Фото: Pexels
Токму овој тренд покажа дека наместо популарниот избор како Италија и Шпанија, туристите многу повеќе ги посетуваат студените нордиски земји. Како што топлотните бранови се интензивираат низ Јужна Европа, така патниците бараат одмор во поладните нордиски дестинации во северниот дел на континентот.
Исто така, земјите како Норвешка и Шведска активно промовираат „ладење“ за да привлечат туристи.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Pexels