X
 01.04.2017 Живот

Натерајте ги луѓето да Ве засакаат со Бенџамин Френклин ефектот

Веројатно кога сакате некој да Ве засака давате комплименти или го честите вечера, но еден од најдобрите начини е да побарате услуга. Тоа се вика Бенџамин Френклин ефект.


Фото: Freepik

Најчесто ние правиме нешто и потоа бараме оправдување зошто сме го направиле. Овој обратен начин да стекнеме нечиј воскит е познат како Бенџамин Френклин ефект. Именуван е по начинот на кој основачот го искористил принципот кога наишол на жестоки политички ривали. Затоа што восхитот од ривалот ќе му биде корисен во иднина, Френклин му напишал на човекот да позајми ретка книга од неговата библиотека. Книгата ја вратил една недела подоцна со писмо во кое се заблагодарил. Следниот пат кога се сретнале, ривалот му пришол и разговарал со него прв пат. Двајцата останале пријатели цел живот.

Лесно е да се види каде ова може да Ви помогне на пример, кога сакате да освоите соработник или роднина по закон. Следниот пат кога ќе сакате некому да се допаднете, побарајте мала услуга.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот