Ако имате визија за вашиот живот и свесно работите на создавање и остварување на вашите цели, треба да знаете дека сте далеку пред другите. Но, ако ви е потребно дополнително охрабрување, внимателно прочитајте ги овие цитати.
- Мисли добро и ќе биде добро - Иво Андриќ.
- Нека твојата јадица секогаш биде фрлена. Во езерото каде што најмалку очекуваш, ќе се појави риба - Овидиј.
- По дваесет години повеќе ќе бидеш разочаран од работите што не си ги направил отколку од работите што си ги направил. Затоа отплови од безбедното пристаниште. Истражувај. Сонувај. Откриј - Марк Твен.
- Повеќето важни работи во светот ги постигнуваат луѓето кои не се откажале во моментите кога се чинело дека нема надеж - Дејл Карнеги.
- Преку ноќ станува славен само оној што неуморно работел со денови - Хенри Форд.
- Кој има волја, има и начин - Џорџ Бернард Шо.
- Не верувам во песимизам. Ако нешто не оди онака како што ние сакаме, продолжи понатаму. Ако мислиш дека ќе врне, ќе врне - Клинт Иствуд.
- Сите ваши соништа можат да станат реалност ако имате храброст да ги следите - Волт Дизни.
- Се чини невозможно додека не се случи - Нелсон Мандела.
Извор:
Svrckanje.rs
Фото: Freepik