X
 19.10.2016 Наука

Откриен живот на Марс уште пред 40 години?

Пред 40 години, две летала кои биле испратени на Марс во рамките на експериментот „Viking Labeled Release“ донеле доказ за микробиолошки живот на црвената планета. 

 
Одвоени на растојание од 4 илјади милји, двете летала дале слични резултати, кои ги навеле научниците да заклучат дека животот на Марс бил детектиран.

Иако многумина ги отфрлиле откритијата како небиолошки, материјалите од почвата што би ја поддржале таа теорија се уште не се идентификувани. 


Ако се земе предвид тогашниот датум, заедно со неодамнешните докази за вода, комплексни органски молекули и присуството на метан на Марс, астробиолозите сега се против отфрлањето на можноста за живот на Марс. Сега расправаат околу доказот кој покажува дека постои живот на планетата и тој мора да биде земен предвид.

Во извештај објавен во весникот Astrobiology, ескперти сметаат дека доказот е конзистентен со биолошко објаснување, истакнувајќи дека микроорганизмите на Марс се адаптирале и еволвирале во согласност со суровите услови.

Научниците вршеле истражувања на откритијата од експериментот во 1976-та година и ги оцениле како „небиолошка хипотеза“. Од почвата на Марс, материјалите кои биле земени и подложени на инјектирање со хранливи материи и загревање, како и складирање во темница, речиси два месеци. Резултатите покажале сличности на она што било земено од почвата на Марс, со примероци земени од Калифорнија, Алјаска и Антартикот.



Бројни објаснувања биле понудени во текот на изминатите години за да се дефинираат овие откритија, вклучувајќи ги и оние кое сметале дека резултатите се нејверојатно предизвикани од „небиолошки антиоксидант од почвата“. Но, ниеден оксидант не може да ги објасни сите откритија, па од тогаш не биле реализирани метаболички експерименти на црвената планета.

И дури мисиите кои ќе се реализираат сега на Марс вклучуваат и екипаж, истражувачите сметаат дека е одговорност на здравството, безбедносните структури и биологијата, да ги објаснат резултатите добиени во 1976 година.

Иако научниците не се комплетно сигурни дека уште пред 40 години бил откриен живот на Марс, сепак според нив, таа опција не смее да се отфрли, особено при наредните мисии на оваа планета. 


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука