X
 03.04.2017 Живот

Најдобрите места за работа во Австралија

Работењето во Австралија е голема можност за многу млади лица од сите страни на светот. Ова се 10 места кои се сметаат за најдобри при барање работно место.


1. Сиднеј


Градот нуди многу можности, како и низа активности во кои може да уживате во слободно време. Метропола која нуди многу работни места од сите области.

2. Мелбурн

Доколку барате уметничко и тренди место за работа, Мелбурн е одличен избор. Голем број на претприемачки компании, мали и успешни бизниси, како и одлична храна и пијалоци.

3. Аделејд

Помалку туристи отколку во големите градови, па на ова место можете да уживате во локалниот живот и да работите во локалните бизниси. Иако е помал град, сепак изобилува со активности, музички фестивали и бројни можности.

4. Бајрон Беј

Прекрасни плажи и пејсажи. Правење органско кафе, јога и слични други интересни активности се само едни од можностите кои ги нуди ова место.

5. Дарвин

Ова место се наоѓа на северот, а најмногу е развиена трговијата, но има и многу работи кои се поврзани со владините сервиси.

6. Нуса

Мета на туристите, преполна со ресторани, кафулиња, каде што лесно може да се пронајде работа. Квалитетен живот и прекрасно време.

7. Ерли Бич

Многу е развиена сезонската работа, особено во хотелите. Исто така, се нудат и голем број работни места во активностите кои се реализираат на плажа како едрење, нуркање и слично.

8. Маргарет Ривер


Познато место по лозјата и одлични места за сурфање. Мало место, со висок рејтинг. Многу работни можности во винариите.

9. Кернс

Работа на фарма и туризам. Исто така, можност за искусување кајакарство, планинарење и други адреналински активности.

10. Брум


Нуди многу атракции и претежно сезонска работа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот