X
 01.04.2021 Технологија

„Гугл мапс“ ќе им дава приоритет на „еколошките“ улици

„Гугл мапс“ ќе почне да им дава приоритет на улиците за кои ќе пресмета дека се „најеколошки“ врз основа на повеќе фактори.

Од „Гугл“ изјавиле дека ќе ги промовираат маршрутите со кои би се произвеле најмалку штетни гасови користејќи главно сообраќајни податоци. Оваа верзија од „Гугл мапс“ прво ќе биде пуштена во САД, и тоа подоцна годинава, а потоа и насекаде низ светот. Таа е дел од напорите на компанијата да се бори против климатските промени, пренесува Би-би-си.

Што ќе се смени за корисниците?

Корисниците нема да забележат промена во апликацијата. Она што ќе биде различно е предлогот за најдобар пат до дестинацијата, кој сега ќе биде „најеколошкиот“. Кога има побрзи алтернативни улици, „Гугл мапс“ ќе понуди избор и ќе им дозволи на корисниците да ги споредат емисиите на јаглероден диоксид на понудените улици. Корисниците ќе може да одберат и да не ја користат оваа опција.


Фото: Pixabay

„Гугл мапс“ ќе користи податоци за емисии на јаглероден диоксид врз основа на повеќе фактори, како видот на улицата и автомобилите и наклонот на улиците.

Освен тоа, од јуни „Гугл мапс“ ќе почне да ги известува возачите кога во близина има зони во кои се забранети автомобили што испуштаат штетни гасови.

Подоцна годинава „Гугл мапс“ планира да претстави и нова опција во која ќе може истовремено да се споредат опциите за возење со автомобил, велосипед или јавен транспорт наместо разгледување на опциите како посебни категории.

Извор: bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија