X
 05.01.2022 Живот

Иднината на архитектурата во стилот на „Господарот на прстените“

„Хоум алајв“ е нов проект на експерти од американската непрофитна група за уметност, архитектура и урбан дизајн „Тереформ уан“, кои се посветени на одржлив дизајн во хармонија со природата - и како што велат, еколошка и социјална правда за сите суштества.

1

Кога станува збор за иднината на архитектурата и употребата на природни материјали во изградбата на домови, „Тереформ“ оди чекор подалеку, надевајќи се на домување кое буквално го враќа човекот до неговите корени. Дизајнираните куќи за живеење може да се користат за полесно да се добие енергија од околината, а некои од придобивките се самообновување и долговечност.

2

Идејата е да се интегрираат домовите во еколошка урбана заедница со помош на специјално дизајнирани структури, компјутерски програми и автохтони дрвја и дрвенести растенија. Живата куќа ќе расте со текот на годините, а столбот на зградата направена од скелиња ќе ги насочи дрвјата да растат во посакуваната насока.

3

Со своите проекти „Тереформ“ сака да помогне во борбата против исчезнувањето на автохтоните растителни видови, како и да ја подигне свеста за можностите што ги нуди новата технологија во корист на планетата и идните генерации.

Извор: Designboom.com
Фото: Terreform one
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот