X
 01.04.2023 Образование

Кинески факултети ќе имаат распуст за студентите да најдат љубов

Вкупно девет колеџи во Кина сакаат нивните студенти да пронајдат љубов за време на еднонеделниот распуст во април. Факултетите кои се дел од образовната групација „Фан Меи“ ќе имаат распуст од 1 до 7 април годинава за да им дадат време на студентите да уживаат, да се запознаваат и да најдат љубов.

- Факултетот го имплементира системот за пролетен распуст со надеж дека студентите ќе научат да ја сакаат природата и животот и ќе уживаат во љубовта - изјавиле од еден факултет.

Сите факултети што учествуваат во иницијативата нудат образование од областа на авијацијата. Студентите ќе имаат часови за време на викендите по распустот за да го надоместат изгубениот материјал. Овие факултети им даваат слободна недела на студентите од 2019 година, но оваа година се става акцент на романсата.

Иницијативата доаѓа во време кога Кина се обидува да поттикне раст на бројот на браковите и на наталитетот. Локални компании експериментираат со начини на кои може да ги поттикнат жителите да стапат во брак. На некои места дури се нудат одмори од 30 дена за стапување во брак.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование