Колку пати сте слушнале за некој што не бил успешен на училиште или факултет, но сепак добро заработува и се наоѓа на одлична позиција? Се чини дека оценките не секогаш играат улога во реалноста. Еве неколку причини зошто може да се случи ова.
Лошите ученици и студенти не се грижат за оценките
За многу добри ученици и студенти, нивните оценки се знак за успех. Но оценките некогаш се субјективни и не зависат од квалитетот на знаењето, туку и од други фактори. На лошите ученици и студенти не им се потребни оценките за да докажат дека се успешни, а кога ги остваруваат своите цели, тие не бараат почитување од другите, туку сакаат да бидат задоволни од себеси.
Не се трудат да остават добар впечаток
На добрите студенти им е важно да остават добар впечаток кај професорите, па затоа се трудат да бидат активни дури и кога не ги интересира материјалот. Лошите студенти не се обидуваат да импресионираат никого и ги прават само оние работи што ги интересираат. Многу често луѓето го задржуваат ваквото однесување и во комуникацијата со претпоставените на работното место.
Фото: Pixabay
Не прават сè сами
Додека добрите студенти се држат до правилата, лошите студенти често ги користат другите луѓе за да го добијат тоа што го сакаат. Кога се возрасни, тие се држат до овој образец, па затоа додека некои се исцрпуваат работејќи повеќе од возможното, некои им ги доделуваат своите задачи на другите.
Си дозволуваат да бидат несовршени
Тешко е да се биде перфекционист, а невозможно е да се биде успешен во сите области. Затоа, овие лица најчесто стигнуваат до ќор-сокак обидувајќи се да работат сè повеќе, без притоа да бидат свесни дека прават нешто што не им се допаѓа.
Имаат и други обврски освен учењето
Лошите ученици и студенти своето слободно време го поминуваат онака како што сакаат, без разлика дали тоа е спортување или дружење. Психолозите сметаат дека одличните студенти тешко се опуштаат бидејќи се под притисок, а, за жал, овој проблем останува со нив и кога ќе пораснат.
Фото: Pixabay
Им се радуваат на успесите, но лесно поднесуваат неуспеси
Лошите ученици и студенти се навикнати да добиваат лоши и добри оценки. За нив, една лоша оценка не е крај на светот, па затоа и во реалноста подобро се соочуваат со стресот и лесно се враќаат на патеката откако ќе направат грешка.
Подготвени се на ризик
Луѓето што не биле успешни на училиште или факултет морале да се приспособуваат на ситуацијата. Тие не живеат по плановите на своите родители, па затоа подобро се справуваат со сопствените грешки и се подготвени на преземање ризик.
Извор:
Studomat